Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Премиерот Мицкоски и министерката Јаневска на увид на реконструкција на основно училиште во Битола

9 јули 2026

Украина нападна 14 руски танкери во една ноќ и тргна во операцијата за изолирање на Крим

9 јули 2026

Од понеделник, прскање против комарци во Скопје

9 јули 2026

За внесување алкохол собите на студентските домови следува забрана за живеење таму

9 јули 2026

Новиот непријател на НАТО е термометарот

9 јули 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

За внесување алкохол собите на студентските домови следува забрана за живеење таму

Press OnlineBy Press Online9 јули 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во македонското Собрание се доставени измени на Законот за студентски стандард, со кои се заоструваат условите за користење на сместувањето во државните студентски домови преку изрекување на воспитни мерки до забрана за престој, како и определување на 30-годишна возраст, како горна граница, до кога ќе може да се добие сместување во дом.

Со законските измени, на студентите кои не се придржуваат на утврдениот куќен ред може да им се изрече воспитна мерка писмена опомена, опомена пред отстранување и забрана на користење на услугите во студентските домови на територија на државата. Овие мерки за за полесни прекршоци, како недолично и неодговорно однесување кон другите студенти и вработените во студентскиот дом, неодговорно однесување кон имотот и инвентарот на студентскиот дом со што се предизвикува помала материјална штета, непочитување на забраната за пушење во студентскиот дом, непристојно однесување во ресторанот на студентскиот дом, неодржување на хигиената во собата и заедничките простории во студентскиот дом и пуштање на гласна музика.

За потешки повреди на куќниот ред на студентскиот дом, може да биде изречена забраната на користење на услугите во студентските домови на територија на државата во период од една до пет годни.

Потешка повреда на куќниот ред на студентскиот дом е на пример, внесување и употреба на алкохол во собата, отстапување на користење на собата на друго лице со стекнување на материјална корист, како и нередовно плаќање на станарината.

Во измените се предвидува изрекување на забрана за користење на услугите на студентски дом поради ненавремено пријавување на дефекти на уредите кои би предизвикале материјална штета, внесување и употреба наркотични средства, непридржување кон прописите за заштита од болест, пожар, експлозија, штетно дејствување на отрови и други опасни материи и повреда на прописите за заштита на животната средина, навредливо, заканувачко, агресивно или насилничко однесување, физичко или психичко малтретирање, вознемирување, дискриминација или друго недолично постапување и десетина други прекршувања.

Измените на Законот за студентски стандард се поднесени пред три дена со потпис на четири пратенички од ВМРО ДПМНЕ.

Поврзани содржини

Премиерот Мицкоски и министерката Јаневска на увид на реконструкција на основно училиште во Битола

9 јули 2026

Од понеделник, прскање против комарци во Скопје

9 јули 2026

Соседски патроли низ Карпош кадешто се собираат младите

9 јули 2026
НАЈНОВО

Премиерот Мицкоски и министерката Јаневска на увид на реконструкција на основно училиште во Битола

9 јули 2026

Украина нападна 14 руски танкери во една ноќ и тргна во операцијата за изолирање на Крим

9 јули 2026

Од понеделник, прскање против комарци во Скопје

9 јули 2026

За внесување алкохол собите на студентските домови следува забрана за живеење таму

9 јули 2026

Новиот непријател на НАТО е термометарот

9 јули 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.