Соединетите Американски Држави и Иран продолжуваат со техничките разговори за нуклеарните прашања, соопшти неименуван американски претставник.
„САД и понатаму се посветени на изнаоѓање решение, а техничките разговори продолжуваат. Иран никогаш не смее да поседува нуклеарно оружје“, изјавил претставникот за „Еј-Би-Си Њуз“.
Тој додал дека 60-дневниот прекин на огнот и Меморандумот за разбирање се засноваат врз исполнување на предвидените обврски, а дејствијата на Иран, како што рекол, претставуваат неприфатливо ниво на неисполнување на тие обврски.
„Иранските напади врз невини бродови се акти на тероризам“, рекол американскиот претставник.

