Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Филипче: Новиот министер за земјоделство да каже дали има бугарски пасош и резервна татковина

11 јули 2026

Велика Британија: Температурата во училниците повисока од 40 степени Целзиусови

11 јули 2026

Планинарските друштва предупредуваат: Мечка забележана на Водно

11 јули 2026

На Тајван поради тајфунот Бави евакуирани над 14.000 луѓе

11 јули 2026

Пожар во Валандовско – можно е да е подметнат

11 јули 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Николоски убеден дека Касами ќе најде најдобро решение околу преименување на улиците во Тетово

Press OnlineBy Press Online10 јули 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во одговор на новинарско прашање денеска оцени дека градоначалникот Биљал Касами ќе најде најдобро решение откако во албанскиот политички блок одреден период се води јавна полемика на тема преименувањето на улиците во градот, а во прашање е доведено и функционирање на Советот.

Истакнувањето политички ставови на оваа тема се интензивира откога минатиот месец Уставниот суд одлучи дека Советот на Општина Тетово во 2007 година со неуставна одлука извршил преименување на улиците.

– Јас сум убеден дека градоначалникот Касами ќе го најде најдоброто решение. Тој е исклучително паметен и прагматичен човек и во соработка со сите чинители во Општина Тетово ќе го најде најдоброто решение, убеден сум во тоа, а ние имаме одлична соработка и таа ќе продолжи и во следниот период. Знам дека на многумина им пречи тоа и не се среќни, особено од опозицијата, но оваа Влада покажа дека може да испорачува – рече Николоски. 

Оваа недела ДУИ поднесе барање Советот на Општина Тетово на 13 јули да расправа по предлог-одлука за именување и преименување на улиците, плоштадите и јавните површини на територијата на општина Тетово. Според законските одредби, доколку предлог-одлуката на ДУИ биде прифатена и изгласана, Советот на Општина Тетово треба да се распушти и да има нов избор.

– Се работи за предлог-одлука (н.з. на ДУИ) која е финална. Процесот за именување улици треба да биде демократски и во согласност со Уставот и законот. Предлог-одлуката, која е предложена од ДУИ, е во финална фаза. Откога ќе се поминат сите дебати, предлози од граѓаните по закон и нели да се помине и во Владата да се даде согласност и после се доаѓа до одлуката која сега е предложена од ДУИ. Ако се оди со таа одлука и Советот советниците одлучија да ја прифатат автоматски, според некои наши согледување од експертите од правната фела, кажуваат дека советот автоматски оди на реизбор, рече Касами.

Во Советот на Општина Тетово ДУИ е во опозиција, а мнозинството 16 од 31 советник го имаат партијата „Вреди“ и ВМРО ДПМНЕ.

Премиерот Христијан Мицкоски во неколку наврати истакна дека има коалициски договор, според кој улици кои веќе имаат име да не се менуваат, а ќе се именуваат улици со број, според новата постапка што ја води Општина Тетово.  Таа постапка не е поврзана со одлука на Советот од 2007 година.

Поврзани содржини

Филипче: Новиот министер за земјоделство да каже дали има бугарски пасош и резервна татковина

11 јули 2026

Планинарските друштва предупредуваат: Мечка забележана на Водно

11 јули 2026

Пожар во Валандовско – можно е да е подметнат

11 јули 2026
НАЈНОВО

Филипче: Новиот министер за земјоделство да каже дали има бугарски пасош и резервна татковина

11 јули 2026

Велика Британија: Температурата во училниците повисока од 40 степени Целзиусови

11 јули 2026

Планинарските друштва предупредуваат: Мечка забележана на Водно

11 јули 2026

На Тајван поради тајфунот Бави евакуирани над 14.000 луѓе

11 јули 2026

Пожар во Валандовско – можно е да е подметнат

11 јули 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.