Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Идниот британски премиер повика на поголем притисок врз Израел

10 јули 2026

Центар за услуги отворен и во Прилеп

10 јули 2026

Лекари на светот – Франција: Се почести се нападите врз здравствените работници во конфликтните зони

10 јули 2026

Ќе се заострат критериумите за увоз на млеко во прав

10 јули 2026

Лавров: Русија ќе ја продолжи војната до капитулација на Украина

10 јули 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Центар за услуги отворен и во Прилеп

Press OnlineBy Press Online10 јули 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска го посетија Центарот за услуги во Прилеп, воспоставен како резултат на соработката меѓу Министерството за дигитална трансформација и Општина Прилеп.

Со неговото ставање во функција административните услуги достапни преку националниот портал uslugi.gov.mk им се доближуваат на граѓаните од Прилеп и околината.

– Ми претставува особено задоволство што започна со работа Центарот за услуги во Прилеп, заеднички проект на Министерството за дигитална трансформација и Општина Прилеп, сместен во просториите на даночното одделение на Општината. Особено ми е драго што услугите достапни преку Националниот портал за електронски услуги сега им се достапни на граѓаните и преку оваа канцеларија. Ветивме Центар за услуги во Прилеп и тоа ветување денес го реализираме. Прилеп доби и Wi-Fi зона со бесплатен интернет, што е уште една потврда дека градот го вклучуваме меѓу приоритетите во процесот на дигитализација и дека најавените проекти ги претвораме во конкретни резултати – изјави Андоновски.

Центарот функционира по принципот „едношалтерски систем“, овозможувајќи им на граѓаните на едно место да добијат информации, поддршка и пристап до услуги од повеќе институции.

Градоначалникот Проданоски се заблагодари за континуираната поддршка и за тоа што Прилеп е високо меѓу приоритетите на Министерството за дигитална трансформација.

– Станува збор за заеднички проект на Општина Прилеп и Министерството за дигитална трансформација. Општината го обезбеди просторот, а преку воспоставениот едношалтерски систем граѓаните сега, на едно место, имаат пристап до услугите што се обезбедуваат и на локално и на централно ниво – изјави Проданоски.

Во рамки на активностите, министерот и градоначалникот го посетија и ООУ „Ристе Ристески-Ричко“, каде што извршија увид во донираната компјутерска опрема, обезбедена по иницијатива на Министерството за дигитална трансформација.

Донацијата има за цел да го унапреди образовниот процес, да создаде подобри услови за примена на современите технологии во наставата и да придонесе за развој на дигиталните вештини кај учениците.

Во моментов, низ државата функционираат 16 Центри за услуги, интегрирани со Националниот портал за електронски услуги, преку кој се достапни 332 услуги за граѓаните и компаниите.

Министерството континуирано работи на отворање нови Центри за услуги и во останатите градови, со цел електронските и административните услуги да бидат подостапни за сите.

Поврзани содржини

Ќе се заострат критериумите за увоз на млеко во прав

10 јули 2026

Проширена истрагата за ботоксите, осомничени уште четири лица

10 јули 2026

Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска

10 јули 2026
НАЈНОВО

Идниот британски премиер повика на поголем притисок врз Израел

10 јули 2026

Центар за услуги отворен и во Прилеп

10 јули 2026

Лекари на светот – Франција: Се почести се нападите врз здравствените работници во конфликтните зони

10 јули 2026

Ќе се заострат критериумите за увоз на млеко во прав

10 јули 2026

Лавров: Русија ќе ја продолжи војната до капитулација на Украина

10 јули 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.