Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Кај нас едвај проработеа, во Италија ги гасат: Возачите се изборија против камерите на патиштата

16 јули 2026

Трамп ќе им дава грантови на идеолошките сојузници во Европа

15 јули 2026

Мајка и бебе загинаа во сообраќајна несреќа на Халкидики

15 јули 2026

Маж уапсен поради смртни закани кон Најџел Фараж

15 јули 2026

Пожар во парк шумата „Гази Баба“

15 јули 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Од денеска на сила стапуваат законските измени за електрични тротинети – само возрасни може да ги возат

Press OnlineBy Press Online14 јули 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Законските измени од денес стапуваат на сила со новите, построги правила за управување со електрични тротинети.

Според измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата., електричен тротинет ќе може да управува само лице кое има наполнето 18 години, наместо досегашните 14 години. Максималната дозволена брзина е ограничена на 20 km/h на велосипедски патеки и ленти, додека на тротоари, пешачки и мешани патеки останува ограничувањето од 6 km/h.

При преминување на коловоз или пешачки премин, доколку нема велосипедска патека или лента, возачите на електрични тротинети се должни да слезат и да го туркаат возилото. Новина е и забраната за превезување друго лице на тротинет. Во случај на прекршок, ќе бидат санкционирани и возачот и лицето кое се превезува. Заштитниот шлем станува задолжителен за сите возачи, а останува и обврската за носење рефлектирачки елек во услови на намалена видливост и во текот на ноќта.

За дел од прекршоците, покрај паричните казни, предвидено е и привремено одземање на електричниот тротинет во траење од 30 дена. Кога прекршок ќе стори дете, одговорноста ја сносат неговите родители или старатели.

Поврзани содржини

Пожар во парк шумата „Гази Баба“

15 јули 2026

Ќе се запази рокот за автопатот Кичево-Охрид, уверува Трајановски

15 јули 2026

Градот Скопје ќе го помогне оркестарот на „Орце Николов“ за настапите во Њујорк (видео)

15 јули 2026
НАЈНОВО

Кај нас едвај проработеа, во Италија ги гасат: Возачите се изборија против камерите на патиштата

16 јули 2026

Трамп ќе им дава грантови на идеолошките сојузници во Европа

15 јули 2026

Мајка и бебе загинаа во сообраќајна несреќа на Халкидики

15 јули 2026

Маж уапсен поради смртни закани кон Најџел Фараж

15 јули 2026

Пожар во парк шумата „Гази Баба“

15 јули 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.