Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Ќе се запази рокот за автопатот Кичево-Охрид, уверува Трајановски

15 јули 2026

Со санкции кон МКС Трамп ги застрашува и Американците што бранат човекови права

15 јули 2026

Украина ја префрли поморската војна против Русија и во Црното Море

15 јули 2026

Градот Скопје ќе го помогне оркестарот на „Орце Николов“ за настапите во Њујорк (видео)

15 јули 2026

Советниците на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ си изгласаа сеча на шумата на Водно за хациенди – Шанса за Центар реагира на за изгласаниот нацрт ДУП за Барутана

15 јули 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Советниците на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ си изгласаа сеча на шумата на Водно за хациенди – Шанса за Центар реагира на за изгласаниот нацрт ДУП за Барутана

Press OnlineBy Press Online15 јули 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Двете најголеми партии (без поединци), изгласаа нацрт ДУП со кој на подрачје, кое е означено дека е под влијание на ерозија, се планира изградба на уште 25 големи објекти, од кои 24 се приватни куќи – хациенди, велат од „Шанса за Центар“

Социјалдемократите и демохристијаните заедно сметаат дека правото на сопственост и градење е поважно од правото на граѓаните да бидат безбедни и Водно да не им се сруши на глава, реагираат од „Шанса за Центар“ откако Советот на Општина Центар со 13 гласа „за“ и девет „против“ даде зелено светло за Нацрт Деталниот урбанистички план за градската четврт Барутана.

Со оваа одлука, како што велат, двете најголеми партии со исклучок на поединци, изгласаа нацрт ДУП со кој на подрачје, кое е означено дека е под влијание на ерозија, се планира изградба на уште 25 големи објекти, од кои 24 се приватни куќи – хациенди.

„Ако Галите во стрипот ’Астерикс и Обеликс’ се плашеа ’небото да не им падне на глава’, скопјани и особено центарци треба веќе да се плашат Водно да не им падне на глава. Не може да се задоволи огромниот апетит за разјадување на шумата на планината која треба да го штити градот од поројни поплави и лизгање на земјиште“, реагираат од „Шанса за Центар“.

Советниците на „Шанса за Центар“, Левица, ЗНАМ и уште двајца членови на Советот (еден од ВМРО-ДПМНЕ и еден СДСМ) гласаа против.

Во образложението за планот, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, посочи дека не станува збор за отворање нова урбанизација, туку за коригирање на постојно решение, кое според него е покорисно за граѓаните и поблиско до нивните потреби. Во таа насока , како што рече Герасимовски, е изградбата на дом за стари лица.

„На местото на конфискувана парцела, која била наменета за резиденцијално домување, предвидуваме пренамена и изградба на дом за стари лица. Плацовите на Водно конечно ќе добијат намена за обичните граѓани, а не за луксузни апартмани“ рече Герасимовски.

Нацрт-планот сега треба да помине на јавна анкета на која граѓаните ќе можат да изнесат свои забелешки, по што следува конечна верзија во која ќе се вметнат забелешките и потоа повторно на гласање пред Советот на Општина Центар.

Поврзани содржини

Ќе се запази рокот за автопатот Кичево-Охрид, уверува Трајановски

15 јули 2026

Градот Скопје ќе го помогне оркестарот на „Орце Николов“ за настапите во Њујорк (видео)

15 јули 2026

Улицата „Димо Хаџи Димов“ ќе се поврзе со кружниот пред Припор – еве колку малку фали

15 јули 2026
НАЈНОВО

Ќе се запази рокот за автопатот Кичево-Охрид, уверува Трајановски

15 јули 2026

Со санкции кон МКС Трамп ги застрашува и Американците што бранат човекови права

15 јули 2026

Украина ја префрли поморската војна против Русија и во Црното Море

15 јули 2026

Градот Скопје ќе го помогне оркестарот на „Орце Николов“ за настапите во Њујорк (видео)

15 јули 2026

Советниците на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ си изгласаа сеча на шумата на Водно за хациенди – Шанса за Центар реагира на за изгласаниот нацрт ДУП за Барутана

15 јули 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.