Во Демократска Република Конго потврдени се 2.011 случаи на ебола, соопшти Министерството за здравство.
Досега од ебола починале 754 луѓе, додека 753 лица се во изолација или на болничко лекување додека 366 луѓе оздравеле.
Властите ги следат случаите во пет провинции, а главното жариште и понатаму е североисточната провинција Итури, која граничи со Уганда и Јужен Судан.
Министерството за информации на ДР Конго соопшти дека изминатите 47 дена не се регистрирани нови инфекции со ебола во провинцијата Јужен Киву.
Еболата е вирусна болест, опасна по живот, што се пренесува преку директен контакт со крвта и секретите на заразено лице.

