Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Советниците на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ си изгласаа сеча на шумата на Водно за хациенди – Шанса за Центар реагира на за изгласаниот нацрт ДУП за Барутана

15 јули 2026

Трагедијата на авганистанските девојчиња: На 13-годишна возраст принудени да се мажат, на 18-годишна возраст веќе родиле четири пати

15 јули 2026

Улицата „Димо Хаџи Димов“ ќе се поврзе со кружниот пред Припор – еве колку малку фали

15 јули 2026

Апсењето на Американецот кој даде 1 милион долари помош за Палестина влева страв кај донаторите

15 јули 2026

Стевче Јакимовски замина на отслужување на затворската казна од шест и пол месеци

15 јули 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Стевче Јакимовски замина на отслужување на затворската казна од шест и пол месеци

Press OnlineBy Press Online15 јули 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

 

Претседателот на ГРОМ, Стевче Јакимовски доброволно замина на отслужување на затворската казна од шест и пол месеци, се вели во партиското соопштение.

Во соопштението на ГРОМ се наведува:

„Длабоко сме разочарани од Кривичниот суд кој го осуди нашиот претседател затоа што поставил две времени градби (бараки), во кои општината функционираше 13 години. Не направи никому штета, туку општината за сите тие години заштеди милион и пол евра кирија доколку користеше простор под закуп и она што е најбитно тој е единствениот случај во Европа кој ќе одлежува ефективна казна затвор за ова исмислено кривично дело за поставување на времен објект со одлука на Совет на општина, со потврдена програма за работа од истиот, програма за јавни набавки и обезбедено пари од Буџет на општината. Тој бараките не ги постави за своите деца и своето семејство, туку за граѓаните на Карпош.

На случајот Стевчо Јакимовски судот дефинитивно се потврди како параполитичка организација, која не и служи на правдата, на законите и на Уставот, туку на политичката партија која е на власт. Жално е што во замолкнувањето на нашиот претседател Стевче Јакимовски, покрај Христијан Мицкоски, учествува и правосудниот систем и со ова уште еднаш пред очите на јавноста покажаа дека правдата е селективна, не важи за дивоградбашите кои граделе на државно земјиште за своја сметка без платени комуналии и заработиле милиони, туку во затвор ќе оди најнаградуваниот градоначалник не само во Република Македонија туку и пошироко. Не земајќи ја во предвид неговата здравствена состојба дека тој е онколошки неизлечен пациент, оперативниот зафат извршен пред 12 дена само ја покажува нечовечноста, нехуманоста и флагрантно кршење на човековите права“.

Поврзани содржини

Советниците на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ си изгласаа сеча на шумата на Водно за хациенди – Шанса за Центар реагира на за изгласаниот нацрт ДУП за Барутана

15 јули 2026

Улицата „Димо Хаџи Димов“ ќе се поврзе со кружниот пред Припор – еве колку малку фали

15 јули 2026

Повторно ќе му се суди на таткото на Вања – потврден доживотниот затвор за Палевски

15 јули 2026
НАЈНОВО

Советниците на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ си изгласаа сеча на шумата на Водно за хациенди – Шанса за Центар реагира на за изгласаниот нацрт ДУП за Барутана

15 јули 2026

Трагедијата на авганистанските девојчиња: На 13-годишна возраст принудени да се мажат, на 18-годишна возраст веќе родиле четири пати

15 јули 2026

Улицата „Димо Хаџи Димов“ ќе се поврзе со кружниот пред Припор – еве колку малку фали

15 јули 2026

Апсењето на Американецот кој даде 1 милион долари помош за Палестина влева страв кај донаторите

15 јули 2026

Стевче Јакимовски замина на отслужување на затворската казна од шест и пол месеци

15 јули 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.