Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Иран се согласи да го пренесе збогатениот ураниум во Кина

25 мај 2026

Видео: Свлечиште настанало во Центар при ископ на дупка за изградба на зграда, багерот бил затрупан, багеристот успеал навреме да излезе

25 мај 2026

Неможам да кажам зошто МВР не дала снимки од видеонадзорот и зошто ЈО оди со детали во јавност вели Тошковски за 360 и „фрли“ сомнеж врз обвинителот

25 мај 2026

Тревога за ебола во Италија: Два сомнителни случаи по враќањето од Уганда

25 мај 2026

Рамуш Харадинај се повлече по 26 години, Ардијан Џини е нов претседател на Алијансата за иднината на Косово

25 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
понеделник, мај 25
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Славески: Очекуваме банките да се придржуваат на одлуката за намалени каматни стапки за прво купување стан

Press OnlineBy Press Online24 септември 2025 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Народна банка не ги утврдува каматите и стапките на кредитите и одлуката е објавена во Службен весник. Банките имаат цели два и пол месеци за подготовка и очекуваме да се придржуваат на таа одлука од аспект на тоа што е во надлежност на Народна банка во регулирањето на учеството во однос на месечната рата на кредитот и она ограничување што се однесува на висината на сопственото учество и вредноста на имотот којшто станува залог, истакна гувернерот на НБРМ, Трајко Славески во одговор на новинарско прашање.

Додаде дека Народна банка не е институција која ги определува каматните стапки, но рече дека укажуваат на една пракса во светот која се заснова на проценките на ризикот дека семејствата коишто за прв пат купуваат стан и живеат во него или куќа се помал ризик од аспект на сервисирање на обврските. Оттука, тие добивале поповолни услови насекаде во светот од страна на комерцијалните банки и тоа тој го очекува од нашите комерцијални банки.

На дополнително прашање каква е реакцијата на банките и дали се согласиле да е поевтина понудата за купување прв стан, Славевски одговори дека се уште нема ниту официјална, ниту неофицијална најва од страна на банките.

-Немаме, треба да ги слушнеме, најверојатно прават проценки и пресметки. Немам ниту официјална, ниту неофицијална најава од страна на банките. Мислам дека се уште е рано, рече гувернерот.

На уште едно новинарско прашање дека банкарскиот сектор има една друга логика-што е поголемо учеството поповолни се кредитите, Славевски смета дека се е реалтивно.

-Еве земете вие сега ако можете со 10 илјади евра во денарска противредност за помал стан кој не мора да биде во центарот на Скопје и влезете во решавање на своето сопствено станбено прашање. Ако ви се потребни наместо 10, 20 илјади евра вие ќе треба да ги позајмите од некаде за што ќе плаќате камата или да речеме од своите најблиски, роднини, пријатели или потрошувачки кредит, што се има трошок. Сакам да кажам дека нема ниту еден аргумент дека ова не е поповолно или не би било поволно за некој што го нема решено станбеното прашање, посочи гувернерот Трајко Славевски.

Поврзани содржини

Видео: Свлечиште настанало во Центар при ископ на дупка за изградба на зграда, багерот бил затрупан, багеристот успеал навреме да излезе

25 мај 2026

Неможам да кажам зошто МВР не дала снимки од видеонадзорот и зошто ЈО оди со детали во јавност вели Тошковски за 360 и „фрли“ сомнеж врз обвинителот

25 мај 2026

Зошто ОЈО ГОКК се жали дека МВР не одговара на наредбата за случајот со надзорот над „Бехтел и Енка“ – прашање до Тошковски

25 мај 2026
НАЈНОВО

Иран се согласи да го пренесе збогатениот ураниум во Кина

25 мај 2026

Видео: Свлечиште настанало во Центар при ископ на дупка за изградба на зграда, багерот бил затрупан, багеристот успеал навреме да излезе

25 мај 2026

Неможам да кажам зошто МВР не дала снимки од видеонадзорот и зошто ЈО оди со детали во јавност вели Тошковски за 360 и „фрли“ сомнеж врз обвинителот

25 мај 2026

Тревога за ебола во Италија: Два сомнителни случаи по враќањето од Уганда

25 мај 2026

Рамуш Харадинај се повлече по 26 години, Ардијан Џини е нов претседател на Алијансата за иднината на Косово

25 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.