Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Лишени од слобода 16 возачи за безобѕирно управување со возило – 11 без возачка дозвола, четворица под дејство на алкохол, еден и покрај активна забрана

20 јуни 2026

Два земјотреси го погодија Kрит, туристите итно евакуирани

20 јуни 2026

Во изминатото деноноќие 12 лица лишени од слобода поради поседување дрога

20 јуни 2026

Трамп се пофали со авионот подарен од Катар

20 јуни 2026

СДСМ: Од 1-ви до 1-ви, Мицкоски секогаш има нов рок, а никогаш резултати

20 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Израел тврди дека знае каде е складиран иранскиот ураниум

Press OnlineBy Press Online29 септември 2025 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека земјата има информации за тоа каде Иран складира околу 400 килограми ураниум збогатен до 60 отсто, што е близу до нивото потребно за нуклеарно оружје, јави ДПА.

– Сосема добро знаеме каде се наоѓа. Имаме прилично јасна претстава за неговата локација, изјави Нетанјаху за американската телевизија „Фокс њуз“, додавајќи дека информацијата е споделена со САД.

Според извештај на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), на почетокот на летото Иран поседувал над 400 килограми ураниум збогатен до 60 отсто. За нуклеарно оружје потребно е збогатување над 90 отсто. Не е јасно колку од тој материјал е сочуван по израелските и американските напади во јуни.

Иран негира дека има намера да развива нуклеарно оружје. Нетанјаху не одговори директно на прашањето дали Израел планира да го конфискува ураниумот, но нагласи дека е потребно дипломатски и економски притисок врз Иран за да се спречат неговите амбиции.

По речиси една деценија од историскиот нуклеарен договор со Иран, санкциите на ООН повторно стапија во сила во неделата, по истекот на рокот. Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан ги отфрли преговорите за нуклеарната програма на земјата, тврдејќи дека тие би донеле „нови проблеми“. (МИА)

Поврзани содржини

Трамп се пофали со авионот подарен од Катар

20 јуни 2026

Птичјиот грип пристигна на сите континенти

20 јуни 2026

Во Боливија е прогласена вонредна состојба. Претседателот се обрати до нацијата

20 јуни 2026
НАЈНОВО

Лишени од слобода 16 возачи за безобѕирно управување со возило – 11 без возачка дозвола, четворица под дејство на алкохол, еден и покрај активна забрана

20 јуни 2026

Два земјотреси го погодија Kрит, туристите итно евакуирани

20 јуни 2026

Во изминатото деноноќие 12 лица лишени од слобода поради поседување дрога

20 јуни 2026

Трамп се пофали со авионот подарен од Катар

20 јуни 2026

СДСМ: Од 1-ви до 1-ви, Мицкоски секогаш има нов рок, а никогаш резултати

20 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.