Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Лишени од слобода 16 возачи за безобѕирно управување со возило – 11 без возачка дозвола, четворица под дејство на алкохол, еден и покрај активна забрана

20 јуни 2026

Два земјотреси го погодија Kрит, туристите итно евакуирани

20 јуни 2026

Во изминатото деноноќие 12 лица лишени од слобода поради поседување дрога

20 јуни 2026

Трамп се пофали со авионот подарен од Катар

20 јуни 2026

СДСМ: Од 1-ви до 1-ви, Мицкоски секогаш има нов рок, а никогаш резултати

20 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Трамп претстави план за ставање крај на војната меѓу Израел и Хамас, Нетанјаху се согласи

Press OnlineBy Press Online30 септември 2025 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на САД Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа во Белата куќа изјавија дека се согласиле околу план за ставање крај на војната во Појасот Газа, но не е јасно дали тие услови ќе ги прифати другата страна – палестинскиот Хамас.

Трамп претстави план од 20 точки за ставање крај на војната меѓу Израел и Хамас и за воспоставување повоена управа во Појасот Газа.

На заедничката прес-конференција со Нетанјаху, на која детално го претстави планот, Трамп рече дека Израел ќе има „целосна поддршка“ од Вашингтон да преземе чекори за да го порази Хамас ако таа палестинска екстремистичка организација не го прифати предложениот мировен договор.

Планот на Трамп предвидува воспоставување привремен управен одбор со кој би раководел претседателот на САД, а во него би бил и поранешниот британски премиер Тони Блер.

Со планот на Трамп не се бара Палестинците да ја напуштат Газа и се повикува на моментален прекин на војната ако двете страни го прифатат.

Се повикува и на ослободување на сите преостанати заложници што ги држи Хамас, во рок од 72 часа откако Израел ќе го прифати планот.

Трамп го повика палестинскиот народ да ја преземе одговорноста „за својата судбина“ и да го прифати неговиот мировен предлог.

– Мислам дека сме многу блиску. Не сме сосема готови. Мораме да се избориме со Хамас, рече Трамп на почетокот на заедничката прес-конференција со Нетанјаху, на која детално го претстави планот.

Нетанјаху изјави дека Израел „сам ќе ја заврши работата“ ако Хамас го одбие планот на Трамп или ако наводно го прифати, а потоа направи сè за да му се спротивстави.

– Ова може да се направи на полесен или на потежок начин, но ќе биде направено, рече премиерот на Израел.

Поврзани содржини

Трамп се пофали со авионот подарен од Катар

20 јуни 2026

Птичјиот грип пристигна на сите континенти

20 јуни 2026

Во Боливија е прогласена вонредна состојба. Претседателот се обрати до нацијата

20 јуни 2026
НАЈНОВО

Лишени од слобода 16 возачи за безобѕирно управување со возило – 11 без возачка дозвола, четворица под дејство на алкохол, еден и покрај активна забрана

20 јуни 2026

Два земјотреси го погодија Kрит, туристите итно евакуирани

20 јуни 2026

Во изминатото деноноќие 12 лица лишени од слобода поради поседување дрога

20 јуни 2026

Трамп се пофали со авионот подарен од Катар

20 јуни 2026

СДСМ: Од 1-ви до 1-ви, Мицкоски секогаш има нов рок, а никогаш резултати

20 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.