Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Триумфот на Румен Радев и потопот на Бојко Борисов на изборите во Бугарија

19 април 2026

Румен Радев: Очекувавме да бидеме први

19 април 2026

БГНЕС: Прогресивна Бугарија“ на Радев победи на предвремените парламентарни избори во Бугарија.

19 април 2026

Нови дојави за бомби во „Ист гејт“ и „Дајмонд“, полицијата прави евакуација и проверки

19 април 2026

Иран повторно го затворa Ормускиот Теснец, Трамп се закани со нови бомбардирања

19 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
недела, април 19
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

ЦИВИЛ како дел од јавен настан вечерва во Рим ќе ја промовира книгата „Одбрана на демократијата и човековите права“

Press OnlineBy Press Online2 октомври 2025 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

ЦИВИЛ – Центар за слобода, како коосновач на Глобалната иницијатива за одбрана на демократијата (Defending Democracy Global Initiative – DDGI), ќе биде дел од јавниот настан „Одбрана на демократијата и човековите права – Од препораки кон акција“, што ќе се одржи вечерва, 2 октомври 2025 година во Рим.

Програмата, закажана од 18:30 до 20:30 часот по средноевропско време, ќе вклучува промоција на книгата „Одбрана на демократијата и човековите права–  со извештаи и препораки за политики, која потоа ќе биде проследена со дискусија.

Промотор на книгата е Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ –Центар за слобода, а наодите и препораките од книгата се производ од меѓународната конференција „Одбрана на демократијата и човековите права во време на војна и авторитаризам“, која се одржа во Скопје на 11 и 12 декември 2024 година.

Настанот е дел од Глобалната иницијатива за одбрана на демократијата , ко-основана од Новиот европски граѓански  народен форум (NEPF), Медија  дијалог и ЦИВИЛ– Центар за слобода, а поддржана од Europa Now!.

Според организаторите, вечерта ќе се фокусира на практични чекори за борба против дезинформациите, зајакнување на демократските институции и одбрана на човековите права. Иницијативата, исто така, ја истакнува европската одговорност во поддршката на Украина во време на растечки геополитички предизвици.

Глобалната иницијатива за одбрана на демократијата  ги здружува пратениците, граѓанското општество и претставниците на медиумите низ цела Европа  промоција на демократската отпорност и соработка. Се фокусира на три главни столба: застапување и креирање политики, независна медиумска продукција, вклучувајќи го и подкастот „Eyes on Democracy“ ( Поглед кон демократијата), и нејзината водечка програма, Вестминстерската алијанса за Украина.

ЦИВИЛ – Центар за слобода

Преземено: Цивил Медиа

Поврзани содржини

Иран повторно го затворa Ормускиот Теснец, Трамп се закани со нови бомбардирања

19 април 2026

Цените на нафтата во нагол пад: Иран го отвори Ормускиот Теснец за време на примирјето

18 април 2026

Десет години по Брегзит: Повеќе од половина Британци сакаат враќање во ЕУ

18 април 2026
НАЈНОВО

Триумфот на Румен Радев и потопот на Бојко Борисов на изборите во Бугарија

19 април 2026

Румен Радев: Очекувавме да бидеме први

19 април 2026

БГНЕС: Прогресивна Бугарија“ на Радев победи на предвремените парламентарни избори во Бугарија.

19 април 2026

Нови дојави за бомби во „Ист гејт“ и „Дајмонд“, полицијата прави евакуација и проверки

19 април 2026

Иран повторно го затворa Ормускиот Теснец, Трамп се закани со нови бомбардирања

19 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.