Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Ужасен скандал со злоставување деца во Франција

26 мај 2026

Зеленски го отфрли предлогот на Мерц за придружно членство во ЕУ

25 мај 2026

Панче Тошковски најавува „шок“ во предметот „Мазут“

25 мај 2026

Иран се согласи да го пренесе збогатениот ураниум во Кина

25 мај 2026

Видео: Свлечиште настанало во Центар при ископ на дупка за изградба на зграда, багерот бил затрупан, багеристот успеал навреме да излезе

25 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
вторник, мај 26
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Ристески: Доста беа лаги и празни ветувања – време е за промени во Аеродром

Press OnlineBy Press Online3 октомври 2025 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Четири години ја водиме заедно оваа битка. Четири години се бориме за чист, зелен и убав Аеродром! Четири години Дејан Митески, Тимчо Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ не лажат, ни кажуваат приказни за мали деца, ни продаваат магла! – порача на вчерашниот митинг носителот на листата на кандидати за членови на Советот на Општина Аеродром од СДСМ и коалицијата, Милутин Ристески.

Цели 4 години ниту една од ветените 4 нови градинки во Мичурин, Острово, Лисиче и Долно Лисиче не е изградена. Последните 2 новоизградени градинки во Стар Аеродром и Ново Лисиче се изградени во мандатот на СДСМ. Дури и единствената градинка која се проширува во моментов е со пари обезбедени од Владата на СДСМ пред 2 години – изјави Ристески.

Секојдневно слушаме поплаки од изневерени родители – условите за настава во основните училишта се катастрофални, родителите сè уште собираат средства за течен сапун, влажни марамчиња, тонери, хартија и слично. Училиштата тонат во долгови за струја, вода, парно, телефон… а долговите на училиштата се најстрого чувана тајна – додаде тој.

„Ветија нови 100.000 квадратни метри зеленило во Аеродром, а не можат да го одржуваат ни постоечкото. Општината никогаш не била позапуштена: неискосени и пожолтени тревници, сообраќаен хаос, руинирана урбана опрема, преполни канти и контејнери, диви депонии на секој чекор.

Ветија нова општинска зграда, никогаш не ја изградија. 120.000 евра годишно пари на граѓаните троши Општина Аеродром, само за кирија за објектот во кој сега е сместена!

Ветија 3.000 нови паркинг места во Аеродром, ни 100 не изградија. Ветија решавање на сообраќајниот хаос со изградба на 6 нови кружни текови и велосипедски патеки на секоја улица. Ништо од тоа не е направено. 0 кружни текови за 4 години и 0 метри велосипедски патеки се изградени за 4 години во Аеродром.

Доста беа лаги и празни ветувања. Време е за промени, време е да се избориме за нашиот дом. Имаме одлична програмска понуда и уште подобри кандидати за градоначалници и членови на Советите на Аеродром и Скопје“ – нагласи Ристески.

Ја барам вашата поддршка на 19 октомври. Заокружете го бројот 5 пред моето име за кандидатската советничка листа за Аеродром! Овие чесни и трудољубиви луѓе позади мене се вистински борци. Тие знаат и можат да се изборат за поубав Аеродром! – порача Ристески барајќи ја поддршката за д-р Александар Трајановски за градоначалник на Аеродром и за Каја Шукова за градоначалничка на Скопје.

Поврзани содржини

Панче Тошковски најавува „шок“ во предметот „Мазут“

25 мај 2026

Видео: Свлечиште настанало во Центар при ископ на дупка за изградба на зграда, багерот бил затрупан, багеристот успеал навреме да излезе

25 мај 2026

Неможам да кажам зошто МВР не дала снимки од видеонадзорот и зошто ЈО оди со детали во јавност вели Тошковски за 360 и „фрли“ сомнеж врз обвинителот

25 мај 2026
НАЈНОВО

Ужасен скандал со злоставување деца во Франција

26 мај 2026

Зеленски го отфрли предлогот на Мерц за придружно членство во ЕУ

25 мај 2026

Панче Тошковски најавува „шок“ во предметот „Мазут“

25 мај 2026

Иран се согласи да го пренесе збогатениот ураниум во Кина

25 мај 2026

Видео: Свлечиште настанало во Центар при ископ на дупка за изградба на зграда, багерот бил затрупан, багеристот успеал навреме да излезе

25 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.