Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Пирц Мусар: „Словенија без кандидат за премиер, консултациите продолжуваат“

20 април 2026

Филипче: Закочениот европски пат е најголемото предавство кон иднината на Македонија

20 април 2026

Ирански амбасадор: Она што Трамп не го постигна со војна, нема да го постигне ни преку преговори

20 април 2026

Видео: Заев дојде на Бихачка на роденденскиот коктел

20 април 2026

Ердоган најави построги правилата за оружје по нападите во училиштата

20 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
понеделник, април 20
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Ердоган: Турција влезе во нова фаза од напорите за прекин на насилството на курдските милитанти

Press OnlineBy Press Online5 ноември 2025 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Турција влезе во нова фаза од напорите за прекин на насилството на курдските милитанти и посочи дека е отворен за идејата затворениот лидер на Курдската работничка партија (ПКК) Абдула Оџалан да се обрати во турскиот Парламент.

Ердоган рече дека минатата недела имал многу конструктивни разговори со високи лидери на прокурдската Партија за единство и демократија (ДЕМ), кои ја поддржаа идејата Оџалан да се обрати пред парламентарниот комитет за разоружување на ПКК и ги повика сите учесници да придонесат, јавуваат британските медиуми.

„Се чини дека стигнавме до нова крстосница на патот кон Турција без тероризам“, им рече Ердоган на членовите на неговата владејачка Партија на правдата и развојот (АК).

Според него, секој треба да преземе одговорност и да придонесе.

„Сметаме дека е исклучително вредно што… сите релевантни страни се слушнати без да се исклучи никого и да се изразат различни мислења, дури и спротивставени“, рече тој.

Според медиумите, овие изјави може да алудираат на можна соработка со Оџалан, кој е во затвор од 1999 година, но одигра клучна улога во повикот неговата милитантна партија ПКК да се разоружа и распушти.

ДЕМ изјави дека на комисијата, во која учествува со други партии, треба да ѝ се дозволи да контактира со Оџалан во затворот, со оглед на тоа што тој продолжува да игра клучна улога во курдската јавна свест и бил вклучен во претходните мировни напори.

Поврзани содржини

Ирански амбасадор: Она што Трамп не го постигна со војна, нема да го постигне ни преку преговори

20 април 2026

Фон дер Лајен ја предупреди Унгарија: Истекува времето за средствата од ЕУ

20 април 2026

Маск не се појави на сослушувањето во парискиот суд: „Тоа не ја попречува истрагата“

20 април 2026
НАЈНОВО

Пирц Мусар: „Словенија без кандидат за премиер, консултациите продолжуваат“

20 април 2026

Филипче: Закочениот европски пат е најголемото предавство кон иднината на Македонија

20 април 2026

Ирански амбасадор: Она што Трамп не го постигна со војна, нема да го постигне ни преку преговори

20 април 2026

Видео: Заев дојде на Бихачка на роденденскиот коктел

20 април 2026

Ердоган најави построги правилата за оружје по нападите во училиштата

20 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.