Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • ads
НАЈНОВО

Претрес во Демир Хисар, пронајдено оружје, лишено од слобода едно лице

24 март 2026

Урсула фон дер Лајен ги повикува САД и Иран преку преговори да ја решат кризата во Ормускиот теснец

24 март 2026

Стабилна е состојбата на горивата, дизелот се намалува за три денари, нема потреба од ограничувања

24 март 2026

Претреси во Струга, Кичево и Охрид, пронајдени оружје, муниција и марихуана, лишени од слобода четири лица

24 март 2026

Политико: Во Европа се сомневаат дека АфД испраќа доверливи податоци во Русија

24 март 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
вторник, март 24
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • ads
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Скандал во пресрет на Евровизија: Извршниот директор на австриската телевизија обвинет за злоставување колешка

Press OnlineBy Press Online10 март 2026 Магазин
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

10 март, 202610 март, 20265


Сподели00

Роланд Вајсман, попознат во пошироката јавност и како генерален директор на австриската радиотелевизија ОРФ, поднесе неотповиклива оставка откако се прошири приказната дека сексуално злоупотребувал колешка.

Се чини дека оваа Евровизија е едноставно проследена со негативна енергија… Откако дури шест земји се откажаа од овогодинешната Евровизија поради, како што наведоа, политичката ситуација во која на Израел му е дозволено да учествува на натпревар што промовира еднаквост и мир, низ медиумскиот простор се прошири веста за сексуалниот скандал на генералниот директор на австриската телевизија.

Роланд Вајсман, генералниот директор на австриската радиотелевизија ОРФ, е обвинет за сексуално злоупотребување на еден од вработените во телевизијата.

Според пишувањето на австрискиот „Куриер“ и на другите австриски медиуми, Вајсман наводно бил обвинет за несоодветно однесување уште на почетокот на неговиот мандат во 2022 година.

Адвокатот на Вајсман, Оливер Шербаум, објаснил дека директорот уште тогаш ги негирал обвинувањата и дека не следела никаква суштинска верификација на обвинувањата.

– Мојот клиент до денес не ги добил точните факти за што станува збор, која ги изнесе вработената. И покрај ова, за да ја избегне штетата на компанијата, тој беше подготвен да направи далекусежни отстапки, па затоа и поднесе оставка од функцијата главен директор на ОРФ, со моментално дејство, од неделата 8 март 2026 година во 11:45 часот – објаснил адвокатот Шербаум.

Би можело да Ве интересира

Исто така, адвокатот истакнал дека јавното изнесување на обвинувањата пред тие целосно да бидат истражени било „прекумерно и непропорционално“, а додал и дека личните права на Вајсман биле прекршени, поради што најавил и можни правни чекори.

Иако официјално не е потврдено дека станува збор за новинарката Соња Загмајстер, некои медиуми како што е „Хојте“ се убедени дека станува збор за Загмајстер.

– Денеска за мене е посебен ден – напишала Соња Загмајстер на својот профил на социјалната мрежа Икс.

Како што објаснила, Вајсман лично ја отпуштил двапати поради тоа што се спротивставила на злоупотребите, како што се „нарачани интервјуа“ и „омразата на мажите“. Покрај тоа, тврди дека Вајсман фаворизирал „специфичен тип на личност и тип на маж“, а дека „храбрите жени“ биле напаѓани и понижувани.

 

Поврзани содржини

(Фото) Романтика во Атина: „Најубавото девојче на светот“ се сврши со дијамант вреден околу 40.000 евра

10 март 2026

Уапсена е жената што пукаше во куќата на Ријана: Пејачката била дома во моментот на инцидентот

10 март 2026

(Фото+видео) Ги обожава тангите и позира гола: Дакота Џонсон во најсекси издание во новата кампања на „Келвин Клајн“

10 март 2026
НАЈНОВО

Претрес во Демир Хисар, пронајдено оружје, лишено од слобода едно лице

24 март 2026

Урсула фон дер Лајен ги повикува САД и Иран преку преговори да ја решат кризата во Ормускиот теснец

24 март 2026

Стабилна е состојбата на горивата, дизелот се намалува за три денари, нема потреба од ограничувања

24 март 2026

Претреси во Струга, Кичево и Охрид, пронајдени оружје, муниција и марихуана, лишени од слобода четири лица

24 март 2026

Политико: Во Европа се сомневаат дека АфД испраќа доверливи податоци во Русија

24 март 2026
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • ads
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.