Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Норвешкиот министер за одбрана до Русија: Немате шанси, готово е

2 мај 2026

Сообраќајна несреќа во Штип: Малолетни мотоциклисти повредени во судир со „БМВ“ – децата биле пијани

2 мај 2026

Српските туристи летово може да куртулат од EES при влез во Грција

2 мај 2026

Привршува собирањето на документите за екстрадиција на Груевски

2 мај 2026

Германски министер за повлекувањето на американските трупи: „Беше очекувано“

2 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
сабота, мај 2
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Хисејни: Во Литванија одиме да го освоиме првото место!

Press OnlineBy Press Online6 април 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

ФОТО: FFM.MK


Футсал репрезентацијата на Македонија по мини подготовките во Скопје, утре патува за Литванија каде од деветти до 12 април ќе биде дел од првиот круг на квалификации за пласман на Светското првенство.

Предводникот на националниот тим Газменд Хисејини на располагање ќе има 15 играчи кои максимално подготвени влегуваат во битката за продолжување на трката за учество на Мундијалот.

“Во Скопје ќе одржиме два тренинга пред да заминеме за Литванија. Добро е што сите повикани фудбалери се појавија на прозивката и што може да сметам на сите оние кои беа предвидени за настап во овој квалификациски циклус. Задоволен сум од формата на играчите и очекувам дека ќе се пласираме на првите две позиции кои не водат во следната фаза”, изјави селекторот Хисејини.

Покрај домаќинот противници ни се репрезентациите на Турција и Бугарија.

“На хартија, Литванија има статус на фаворит. Тоа е селекција која беше дел од последното Европско првенство што доволно говори за квалитетот на нашиот директен конкурент за првата позиција. Без разлика на овој податок ние немаме намера предвреме да се предадеме и ќе се обидеме да забележиме победа во сите три натпревари и да го освоиме првото место во групата”, продолжи селекторот на футсал репрезентацијата.

Македонија има статус на фаворит во дуелите со Бугарија и Турција, но тоа мора да се докаже на теренот.

“Во последно време тешко е да се каже дека некои противници се аутсајдери и дека без поголем проблем може да се дојде до победа. Квалитетот на сите репрезентации во Европа оди во нагорна линија. Сепак сметам дека во моментов сме подобри од Турција и Бугарија и очекувам по двете победи на стартот во последното коло во дуелот против Литванија да решаваме за првата позиција. Во пресрет на тој натпревар имаме еден ден одмор што значи дека ќе влеземе максимално подготвени во соочувањето со домаќинот на турнирот”, заврши Хисејини.

Прв противник на деветти ни е Бугарија, а почетокот е закажан за 16 часот и 30 минути. Следниот ден во истиот термин се среќаваме со селекцијата на Турција додека на 12. се соочуваме со домаќинот Литванија, а натпреварот почнува во 17 часот и 30 минути.

Пласман во главната рунда од квалификациите за настап на Светскиот шампионат обезбедуваат освојувачите на првите две места во групата.

Мечевите се играат Друшкининкаи, град оддалечен 130 километри од престолнината Вилнус.

Поврзани содржини

Сообраќајна несреќа во Штип: Малолетни мотоциклисти повредени во судир со „БМВ“ – децата биле пијани

2 мај 2026

Привршува собирањето на документите за екстрадиција на Груевски

2 мај 2026

Го претекнувал, му се заканувал, го следел, а кога застанал му го удрил автомобилот, па му извадил нож

2 мај 2026
НАЈНОВО

Норвешкиот министер за одбрана до Русија: Немате шанси, готово е

2 мај 2026

Сообраќајна несреќа во Штип: Малолетни мотоциклисти повредени во судир со „БМВ“ – децата биле пијани

2 мај 2026

Српските туристи летово може да куртулат од EES при влез во Грција

2 мај 2026

Привршува собирањето на документите за екстрадиција на Груевски

2 мај 2026

Германски министер за повлекувањето на американските трупи: „Беше очекувано“

2 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.