Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

СДСМ: Мицкоски ја ангажирал израелската агенција „Black Cube“ за следење на опозицијата

19 април 2026

Филипче и СДСМ да се разбудат од сонот и да почнат да бидат опозиција во Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ

19 април 2026

Николоски: Скопскиот и Охридскиот аеродром лидери во регионот

19 април 2026

Уште едно игралиште во Скопје – фотосесија на власта

19 април 2026

Земјотрес ја потресе Македонија! – Либертас

18 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
недела, април 19
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

СДСМ: Мицкоски ја ангажирал израелската агенција „Black Cube“ за следење на опозицијата

Press OnlineBy Press Online19 април 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

СДСМ обвинува дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ангажирал странска приватна разузнавачка компанија за активности насочени кон опозицијата, повикувајќи се на, како што наведуваат, „ист модел што веќе бил користен во други европски држави“.

Во соопштението, СДСМ тврди дека станува збор за израелската компанија „Black Cube“, за која велат дека е „позната како приватен Мосад“.

„Мицкоски ги ангажирал ‘Black Cube’ – приватниот ‘Мосад’ за следење на опозицијата“, се наведува во партиското соопштение.

Од СДСМ посочуваат дека оваа компанија претходно била ангажирана во Унгарија од страна на Виктор Орбан, како и во други политички процеси во Европа.

„Орбан уште 2018 година ги однесе ‘Black Cube’ во Унгарија и ги користеше за валкани операции против политичките противници. На последните избори во Унгарија, оваа компанија требаше да пушти провокативни снимки против Петер Маѓар, додека истовремено работеа на афера на изборите во Словенија за Јанез Јанша“, велат од СДСМ.

Партијата обвинува дека истата стратегија сега се применува и во Македонија.

„Сега истата тактика ја применуваат и во Македонија. Христијан Мицкоски и ВМРО-ОКГ се обидуваат да фабрикуваат афери против СДСМ преку странски приватни разузнавачки агенции“, стои во соопштението.

Според нив, цел на наводниот ангажман биле високи функционери на партијата.

„Мицкоски и неговата група ја ангажирале оваа компанија за да ги следи функционерите на СДСМ, особено претседателот Венко Филипче“, тврдат од СДСМ.

Во соопштението се додава и дека претставници на компанијата веќе биле во Скопје.

„Тимот на ‘Black Cube’ неодамна престојувал во Скопје и во еден ексклузивен хотел имале состанок со заштитниците на криминалната група ВМРО. На состанокот присуствувал и еден бизнисмен, многу близок до ВМРО, кој треба да го финансира ангажманот на оваа приватна израелска компанија“, наведуваат од партијата.

Од СДСМ оценуваат дека ваквите активности претставуваат, како што велат, „автократски модел на делување“.

„Ова не е случајност. Ова е класичен автократски модел: кога легалните инструменти не функционираат, се ангажираат приватни разузнавачки агенции за да се прават лажни афери и да се заплашува опозицијата“, стои во реакцијата.

Воедно, од партијата порачуваат дека нема да отстапат од своите политички позиции.

„Ние не се плашиме од приватни ‘Мосад-и’, ниту од ‘чувствата’ на Мицкоски. Ќе продолжиме да инсистираме на вистината, на независното правосудство и на европскиот пат на Македонија. Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Поврзани содржини

Филипче и СДСМ да се разбудат од сонот и да почнат да бидат опозиција во Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ

19 април 2026

Николоски: Скопскиот и Охридскиот аеродром лидери во регионот

19 април 2026

Уште едно игралиште во Скопје – фотосесија на власта

19 април 2026
НАЈНОВО

СДСМ: Мицкоски ја ангажирал израелската агенција „Black Cube“ за следење на опозицијата

19 април 2026

Филипче и СДСМ да се разбудат од сонот и да почнат да бидат опозиција во Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ

19 април 2026

Николоски: Скопскиот и Охридскиот аеродром лидери во регионот

19 април 2026

Уште едно игралиште во Скопје – фотосесија на власта

19 април 2026

Земјотрес ја потресе Македонија! – Либертас

18 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.