
Во несреќа на регионалниот пат Кичево – Демир Хисар, во близина на с. Видрани загина жител на кичевското село Другово.
Полицијата соопшти дека автомобилот „фолксваген поло“ во кое бил тој и неговата сопруга излетало од патот во близина на с. Видрани. При тоа Т.С. (62) кој го управувал возилото загинал, а неговата сопруга изјавила дека пред несреќата тој се пожалил на болки во градите, по што му се слошило и со возилото излегол надвор од коловозот.
Телото на починатиот е дадено за обдукција.

