Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Норвешка и Франција истражуваат дипломати поради врски со Епштајн

27 април 2026

Мицкоски зборува за промената на името, ама не го враќа старото име на државата, вели Филипче

27 април 2026

Започна судскиот процес против поранешниот албански претседател, Илир Мета

27 април 2026

Тошковски: Ќе се воведе ново овластување со кое полициски службеник да може веднаш да изрече итна мерка за жртвата на семејно насилство и сторителот да го отстрани од домот

27 април 2026

Јудит Варга не сведочеше, постапката против Петер Маѓар прекината поради недостаток на докази

27 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
понеделник, април 27
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Русковска-Таткоми го погребавме со бугарски куршум,мајками ја раниле на Сремски фронт. Од каде Јане Ченто си зима за право дека тој ја сака државата повеќе од мене

Press OnlineBy Press Online27 април 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Моите родители крвареле за оваа држава. Мајка ми била во бугарски затвор, татко ми ранет го закопавме со бугарски куршум, па не може Јане Ченто да ја сака оваа држава повеќе од мене. Мајка ми на сремски фронт била, ранета е на Сремски фронт. Кој му дава за право дека тој ја сака оваа држава повеќе од мене“, вели за „Слободен печат“, поранешната обвинителка Вилма Русковска откако осудениот за упадот во Собрание, Јане Ченто најави дека денеска на пладне ќе поднесе кривична пријава против Русковска.

– Ние обвинителите сме само странка во постапката, конечната одлука ја носи првостепениот и второстепениот суд. За разлика од Јане Ченто јас се борам со силата на аргументите и доказите, а не со насилство. Насилството никогаш не е решение, пресудата беше потврдена од апелациониот суд и од врховниот суд така да тоа подразбира дека немало никакво незаконско постапување во било која инстанца. Ова е според мене, замајување на јавност бидејќи едно од предизборните ветувања на сегашната влада беше дека ќе ги ослободат обвинетите од 27 април. И сега се поставува прашањето зошто кривичната пријава само против мене, а судот ја носи пресудата. Па кај е обвинителот или обвинителката, не знам кој постапувал, пред Апелациониот суд во второстепена постапка и судиите таму. Каде е обвинителот или обвинителката пред врховниот суд. Ова е свртување на внимание мислам од она предизборното ветување на ВМРО – ДПМНЕ кое не го исполнија. Мајка ми била во бугарски затвор, татко ми ранет го закопавме со бугарски куршум па не може Јане Ченто да ја сака оваа држава од мене. Па како може да си даде за право дека тој ја сака повеќе оваа држава, па моите родители крвареле за оваа држава. Кој му дава за право дека тој ја сака оваа држава повеќе од мене – вели Русковска за најавената пријава.

Поврзани содржини

Мицкоски зборува за промената на името, ама не го враќа старото име на државата, вели Филипче

27 април 2026

Тошковски: Ќе се воведе ново овластување со кое полициски службеник да може веднаш да изрече итна мерка за жртвата на семејно насилство и сторителот да го отстрани од домот

27 април 2026

„Европски фронт“ почнува иницијатива за собирање пратенички потписи за уставните измени

27 април 2026
НАЈНОВО

Норвешка и Франција истражуваат дипломати поради врски со Епштајн

27 април 2026

Мицкоски зборува за промената на името, ама не го враќа старото име на државата, вели Филипче

27 април 2026

Започна судскиот процес против поранешниот албански претседател, Илир Мета

27 април 2026

Тошковски: Ќе се воведе ново овластување со кое полициски службеник да може веднаш да изрече итна мерка за жртвата на семејно насилство и сторителот да го отстрани од домот

27 април 2026

Јудит Варга не сведочеше, постапката против Петер Маѓар прекината поради недостаток на докази

27 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.