Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Филипче на X: Со Мицкоски Македонија падна за 3 места во Индексот за слобода на медиуми

30 април 2026

Детектирана 70 пати повисока радијација во Софија

30 април 2026

Руски напади со дронови врз Одеса, најмалку 18 повредени

30 април 2026

Облачно со врнежи од дожд, на планините од снег

30 април 2026

Трамп размислува за намалување на американскиот воен контенгент во Германија

30 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
четврток, април 30
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Светските трошоци за вооружување лани достигнале 2.887 милијарди долари, најмногу во Европа и во Азија

Press OnlineBy Press Online28 април 2026 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Стокхолм – Трошоците за вооружување во светот минатата година достигнале 2.887 милијарди долари, што претставува реален раст од 2,9 отсто во однос на 2024 година, се наведува во извештајот на Стокхолмски меѓународен институт за истражување на мирот (СИПРИ).

Според извештајот, воените трошоци се намалиле во Соединетите Американски Држави, но пораснале за 14 отсто во Европа и за 8,1 отсто во Азија и Океанија. Трите најголеми потрошувачи – САД, Кина и Русија – заедно потрошиле 1.480 милијарди долари, односно 51 отсто од вкупниот глобален износ.

Ова е 11-та година по ред како се бележи раст на воената потрошувачка, при што глобалниот воен товар – односно уделот на воените расходи во бруто-домашниот производ (БДП) – достигнал 2,5 отсто, највисоко ниво од 2009 година.

Иако растот од 2,9 отсто е значително помал од зголемувањето од  9,7 отсто забележано во 2024 година, забавувањето главно се објаснува со падот на трошоците на САД.

Главен придонес кон глобалниот раст во 2025 година имало зголемувањето од 14 отсто во Европа, каде трошоците достигнале 864 милијарди долари. Во исто време, воените расходи на Русија и Украина продолжиле да растат во четвртата година од војната, додека напорите на европските членки на НАТО за повторно вооружување довеле до најголем годишен раст во централна и западна Европа од крајот на Студената војна.

Руските воени трошоци пораснале за 5,9 отсто во 2025 година, достигнувајќи 190 милијарди долари, што претставува 7,5 отсто од БДП.

Според методологијата на SIPRI, 29 европски членки на НАТО потрошиле вкупно 559 милијарди долари во 2025 година, при што 22 од нив за одбрана издвоиле најмалку два проценти од БДП. 

Германија е најголемиот воен потрошувач во групата, со раст на трошоците од 24 отсто на 114 милијарди долари. Воените расходи на Германија го надминаа прагот од два проценти за првпат од 1990 година, достигнувајќи 2,3 отсто од БДП во 2025 година.

Во извештајот се додава дека во 2025 година воените трошоци на европските членки на НАТО пораснале најбрзо од 1953 година, што го одразува стремежот кон поголема европска самостојност, како и зголемениот притисок од САД за порамномерна распределба на товарот во рамки на Алијансата. 

Поврзани содржини

Руски напади со дронови врз Одеса, најмалку 18 повредени

30 април 2026

Трамп размислува за намалување на американскиот воен контенгент во Германија

30 април 2026

Речиси 25 проценти од првичните барања за азил во ЕУ поднесени од малолетници

30 април 2026
НАЈНОВО

Филипче на X: Со Мицкоски Македонија падна за 3 места во Индексот за слобода на медиуми

30 април 2026

Детектирана 70 пати повисока радијација во Софија

30 април 2026

Руски напади со дронови врз Одеса, најмалку 18 повредени

30 април 2026

Облачно со врнежи од дожд, на планините од снег

30 април 2026

Трамп размислува за намалување на американскиот воен контенгент во Германија

30 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.