Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Врховниот суд на Словачка ја потврди казната затвор од 21 година за напаѓачот на Фицо

29 април 2026

Сараево: Дојава за поставена бомба во училиште, извршен е увид без евакуација на учениците и персоналот

29 април 2026

Адвокатот на „Штекли“: Ќе ја обжалиме пресудата!

29 април 2026

Светскиот ден на слободата на медиумите одбележан со крводарителска акција

29 април 2026

ЕК отвори постапка против Унгарија и Словачка поради специјалните цени за горива за странци

29 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
среда, април 29
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Тренчевска: ВМРО-ДПМНЕ бараше техничката влада да постои до влегувањето на Македонија во ЕУ

Press OnlineBy Press Online29 април 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Додека беше во опозиција, токму Христијан Мицкоски и неговата партија бараа и инсистираа техничката влада да постои токму до влегувањето во ЕУ, како гаранција за демократија, владеење на правото и фер изборни процеси. Тоа и се вметна во законско решение, истакна на прес-конференција пртаеничка и потпретседателка на СДСМ Јована Тренчевска.



Сега, кога е на власт, истиот Мицкоски го менува ставот и ја урива оваа законска обврска на шверцерски начин, без консензус и по скратена постапка во Собранието.

Наместо да го почитува законот што беше донесен со договор на четирите партии и меѓународната заедница и да обезбеди независна контрола преку техничката влада до ЕУ, актуелната власт:

* Го узурпира судството и јавното обвинителство и го става под директна контрола;

• Не го изгласа законот за заштита на личните податоци кои ги собира системот „Safe City“;

• Го партизира и го узурпира Министерството за внатрешни работи со нов закон кој овозможува партиски луѓе да се поставуваат на клучни позиции во полицијата;

• Контролира над 40% од медиумскиот простор преку Орбановите медиуми, ја партизираше МТВ со директор пријател на премиерот Мицкоски и врши притисок врз останатите медиуми преку финансирање со пари на граѓаните.

Ова е свесно уривање на механизмот за контрола и рамнотежа што беше договорен токму за да се спречи ваква концентрација на моќ во рацете на една партија.

Денес тоа е механизам кој може да обезбеди барем минимални услови за фер и демократски избори, бидејќи на власт се наоѓа криминална организација со Мицкоски на чело.

Техничката влада не е привилегија на опозицијата – таа е законска и демократска обврска до создавање на условите во општеството.

Јавно повикуваме да се почитуваат овој закон и да не ги менуваат одредбите, да остане техничката влада.

Демократијата не смее да биде загрозена! Укинување на техничката влада значи дека власта подготвува изборна кражба.

Доколку власта продолжи на сила да ја турка оваа измена и биде изгласана денеска во Собранието СДСМ ќе се повлече од работата за Изборниот закон.

 



Поврзани содржини

Адвокатот на „Штекли“: Ќе ја обжалиме пресудата!

29 април 2026

Светскиот ден на слободата на медиумите одбележан со крводарителска акција

29 април 2026

Штекли доби осум години затвор за трговија со дрога

29 април 2026
НАЈНОВО

Врховниот суд на Словачка ја потврди казната затвор од 21 година за напаѓачот на Фицо

29 април 2026

Сараево: Дојава за поставена бомба во училиште, извршен е увид без евакуација на учениците и персоналот

29 април 2026

Адвокатот на „Штекли“: Ќе ја обжалиме пресудата!

29 април 2026

Светскиот ден на слободата на медиумите одбележан со крводарителска акција

29 април 2026

ЕК отвори постапка против Унгарија и Словачка поради специјалните цени за горива за странци

29 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.