Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Битиќи: Без техничка влада нема фер избори

29 април 2026

Собранието изгласа укинување на техничката влада – за власта таа е надминато решение, опозицијата смета дека беа неа ќе нема услови за демократски избори

29 април 2026

Пекинг ќе забрани продажба и употреба на дронови од 1 мај

29 април 2026

„Мртва трка“ за претседател на скопскиот Кривичен суд

29 април 2026

Преврат во Техеран, најтврдокорните ги заменија радикалите

29 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
среда, април 29
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Филков: Поради бојкотот на СДСМ, одложена е седницата на работната група за измени во Изборниот законик

Press OnlineBy Press Online29 април 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерството за правда денеска соопшти дека е одложена четвртата седница на работната група за реформи во изборното законодавство поради отсуство на претставниците на опозицискиот СДСМ, кои претходно најавија дека ќе ја бојкотираат работата на работната група ако власта не се откаже од укинувањето на техничката влада.



Министерот за правда Игор Филков информира дека додека останатите политички партии и институции вклучени во процесот на измени на Изборниот законик доставиле забелешки и коментари по препораките на ОБСЕ/ОДИХР, опозицискиот СДСМ го блокирал процесот од кој зависи кредибилитетот на изборите.

„Она што денес изостана е токму она што е најпотребно – политичка зрелост. Не може да зборуваме за фер и демократски избори, а истовремено да не учествуваме во процесот кој треба да ги обезбеди тие стандарди. Денеска имавме можност да го видиме вистинското лице на, за жал, изгубената политичка партија која со низа погрешни потези водени од тесногради партиски интереси свесно ја блокира реформската агенда и го кочи европскиот напредок на државата. СДСМ избра да не биде дел од процесот кога се носат суштински одлуки“,порача министерот за правда.

Во оваа смисла Филков оцени оти постапките на СДСМ покажуваат дека заложбите на опозициската партија за европската иднина на државата се само декларативни, а дека во реалноста носат срамни и неодговорни политики.

„Со досегашното неодговорно однесување на СДСМ и неучеството во работната група за реформи во изборното законодавство директно се загрозени 4 281 623 евра. А, со блокадата на Законот за јавното обвинителство во Собранието, дополнителни 6 422 623 евра – пари кои и тоа како може да го олеснат реформскиот процес и да ги подобрат состојбите во правосудството за секој наш граѓанин”,рече Филков и порача дека Владата ќе продолжи да работи на реформите со цел обезбедување стабилност, просперитет и владеење на правото.

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, пред неколку дена предупреди дека пратеничката група на СДСМ и коалицијата целосно ќе се повлечат од работната група за Изборниот законик доколку власта не се откаже од укинувањето на техничката влада.



Поврзани содржини

Битиќи: Без техничка влада нема фер избори

29 април 2026

Собранието изгласа укинување на техничката влада – за власта таа е надминато решение, опозицијата смета дека беа неа ќе нема услови за демократски избори

29 април 2026

„Мртва трка“ за претседател на скопскиот Кривичен суд

29 април 2026
НАЈНОВО

Битиќи: Без техничка влада нема фер избори

29 април 2026

Собранието изгласа укинување на техничката влада – за власта таа е надминато решение, опозицијата смета дека беа неа ќе нема услови за демократски избори

29 април 2026

Пекинг ќе забрани продажба и употреба на дронови од 1 мај

29 април 2026

„Мртва трка“ за претседател на скопскиот Кривичен суд

29 април 2026

Преврат во Техеран, најтврдокорните ги заменија радикалите

29 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.