Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Францускиот премиер направи „скандал“ со купување леб, синдикатите бесни

3 мај 2026

Британскиот премиер размислува за забрана на пропалестинските протести поради влијанието врз еврејската заедница

3 мај 2026

Јужнокорејскиот министер за надворешни работи разговараше со иранскиот колега за Ормуз

3 мај 2026

Воздушниот сообраќај над Емиратите повторно нормализиран, укинати мерките на претпазливост

3 мај 2026

Украинска војска: Околу 50 обиди за руски офанзиви од почетокот на денот

2 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
недела, мај 3
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Јужнокорејскиот министер за надворешни работи разговараше со иранскиот колега за Ормуз

Press OnlineBy Press Online3 мај 2026 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

 Министерот за надворешни работи на Јужна Кореја, Чо Хјун, денеска телефонски разговараше со иранскиот колега Абас Арагчи и повика на обнова на безбедната комерцијална бродска пловидба низ Ормуската Теснина, соопшти јужнокорејското министерство за надворешни работи.

За време на разговорот, Чо истакнал дека бродови на Јужна Кореја и на други земји се закотвени на клучниот пловен пат кај Ормуската Теснина, нагласувајќи ја потребата да се обезбеди обновување на безбедната пловидба, пренесува агенцијата Јонхап. Чо изрази надеж за брзо обновување на мирот и стабилноста, наведувајќи го поширокото влијание на конфликтот врз глобалната безбедност и економија, додека Арагчи го изложи ставот на Иран за преговорите со САД.

Денешниот разговор на двајцата министри беше трет од почетокот на американско-израелскиот напад врз Иран кон крајот на февруари, откако вкупно 26 јужнокорејски бродови со повеќе од 170 членови на екипажот мораа да ја прекинат пловидбата и да се закотват во водите на Ормуската Теснина.

Американскиот претседател Доналд Трамп го продолжи рокот за прекин на огнот на почетокот на април, повикувајќи го Иран да претстави единствен мировен предлог, додека истовремено го засилуваше притисокот врз Техеран преку поморски блокади и економски санкции. Трамп вчера рече дека не е задоволен од последниот ирански предлог, а преговорите остануваат во застој откако нивната прва директна рунда разговори во Пакистан минатиот месец заврши без договор. ј

Поврзани содржини

Францускиот премиер направи „скандал“ со купување леб, синдикатите бесни

3 мај 2026

Британскиот премиер размислува за забрана на пропалестинските протести поради влијанието врз еврејската заедница

3 мај 2026

Воздушниот сообраќај над Емиратите повторно нормализиран, укинати мерките на претпазливост

3 мај 2026
НАЈНОВО

Францускиот премиер направи „скандал“ со купување леб, синдикатите бесни

3 мај 2026

Британскиот премиер размислува за забрана на пропалестинските протести поради влијанието врз еврејската заедница

3 мај 2026

Јужнокорејскиот министер за надворешни работи разговараше со иранскиот колега за Ормуз

3 мај 2026

Воздушниот сообраќај над Емиратите повторно нормализиран, укинати мерките на претпазливост

3 мај 2026

Украинска војска: Околу 50 обиди за руски офанзиви од почетокот на денот

2 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.