
Без вода во моментов се неколку улици во Општина Кисела Вода поради уличен дефект на ф200мм, соопштија од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.
Од 10:45 часот, водоснабдувањето e прекинато за корисниците од улиците „Иван Козаров“, „Вера Јоциќ“, „474“, „Киро Крстевски“, „Димо Хаџи Димов“, „Тоне Томшиќ“, „Боте Боцевски“ и „Ѓорѓи Димитров“.
Вода нема да има до завршување на зафатот за санирање на дефектот.
Извор: nezavisen.mk

