Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Груевски напаѓа од Будимпешта, Филков чека документи а СДСМ обвинува за саботажа

4 мај 2026

„Не ми требаат пари, туку потписи“ – Петрушевска со иницијатива за ограничување на социјалните мрежи за децата

3 мај 2026

Николоски: Автопатот Охрид–Кичево ќе се заврши на време, „лажни се тврдењата за милијарда евра“

3 мај 2026

Груевски за најавите за екстрадиција: Министре Филков истражете го политичкиот прогон, а не мене

3 мај 2026

ЦИВИЛ по повод Светскиот ден на слободата на медиумите

3 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
понеделник, мај 4
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

„Не ми требаат пари, туку потписи“ – Петрушевска со иницијатива за ограничување на социјалните мрежи за децата

Press OnlineBy Press Online3 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email



Актерката Весна Петрушевска започна иницијатива за собирање 10.000 потписи со цел, како што вели, да се стави „црвено светло“ за политичките партии и да се отвори прашањето за заштита на децата на социјалните мрежи.

Таа преку јавен повик апелира граѓаните да се приклучат преку платформата за петиции, нагласувајќи дека не станува збор за финансиска кампања.

„Јас не барам и не примам пари. Барам само ваша поддршка и потпис“, посочува Петрушевска, додавајќи дека опцијата за донации на платформата е стандардна, но не е дел од нејзината иницијатива.

Во обраќањето таа потенцира дека, доколку не се постигне ни минимална граѓанска мобилизација, тоа ќе биде доказ за, како што вели, пасивноста во општеството.

„Ако ова не можеме, тогаш навистина ќе ми се потврди дека сте херои само на тастатура“, наведува Петрушевска.

Како аргумент за својата иницијатива таа посочува примери од повеќе држави кои веќе воведуваат рестрикции за користење социјални мрежи од страна на малолетници.

Во Австралија, од ноември 2024 година, е воведена целосна забрана за користење социјални мрежи за лица под 16 години, при што платформите се соочуваат со високи казни доколку не ја спроведат.

Франција воведе т.н. „дигитално полнолетство“, со граница од 15 години и задолжителна родителска согласност за помладите корисници, додека воедно е забрането користење телефони во училиштата.

Во Данска се разгледува зголемување на старосната граница за дигитална согласност, како и построга регулација на алгоритмите што ги таргетираат децата.

Во делови од САД, како Флорида и Јута, веќе се применуваат ограничувања – забрана за деца под 14 години и воведување родителска контрола и временски рестрикции за користење.

Иницијативата на Петрушевска доаѓа во период кога и во Македонија се отвора јавна дебата за влијанието на социјалните мрежи врз младите, особено во контекст на врсничко насилство и онлајн злоупотреби.

Извор: skopje1.mk



Поврзани содржини

Груевски напаѓа од Будимпешта, Филков чека документи а СДСМ обвинува за саботажа

4 мај 2026

Николоски: Автопатот Охрид–Кичево ќе се заврши на време, „лажни се тврдењата за милијарда евра“

3 мај 2026

Груевски за најавите за екстрадиција: Министре Филков истражете го политичкиот прогон, а не мене

3 мај 2026
НАЈНОВО

Груевски напаѓа од Будимпешта, Филков чека документи а СДСМ обвинува за саботажа

4 мај 2026

„Не ми требаат пари, туку потписи“ – Петрушевска со иницијатива за ограничување на социјалните мрежи за децата

3 мај 2026

Николоски: Автопатот Охрид–Кичево ќе се заврши на време, „лажни се тврдењата за милијарда евра“

3 мај 2026

Груевски за најавите за екстрадиција: Министре Филков истражете го политичкиот прогон, а не мене

3 мај 2026

ЦИВИЛ по повод Светскиот ден на слободата на медиумите

3 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.