Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Филипче: Сѐ што кажува премиерот е само изговор, треба да се направат уставните измени

9 мај 2026

Европратеници бараат создавање одбранбен сојуз и независност од НАТО

9 мај 2026

А што направи власта за вас?

9 мај 2026

„Рајанер“ ќе ја затвори базата во Солун

9 мај 2026

СДСМ: Лукровски се повлекува поради страв од лична кривична одговорност

9 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
сабота, мај 9
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Мицкоски: Европа е нашиот единствен пат, треба да разговараме за решенија со кои ќе одиме напред

Press OnlineBy Press Online9 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email


Премиерот Христијан Мицкоски на свеченоста по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа порача дека Европа е нашиот единствен пат и оти нашата татковина нема друга иднина и шанса за успех освен интеграцијата во Европската Унија.



Мицкоски истакна дека во Европа не гледа само како на географија и оти Европа треба да биде вредност, како и дека мора да се разговара за трајни решенија по кои ќе можеме да одиме напред, а не за решенија со кои ќе оставиме големи товари на нашите потомци.

Повтори дека „пазар со идентитетот, пазар со нашето достоинство во замена за какви било лични или политички придобивки, какви што имало во нашата понова историја, никогаш нема да прави“.

Како што наведе Мицкоски на свеченоста, од урнатините на војната се роди идејата за европско обединување, посочувајќи, не како политички проект на бирократи, туку како цивилизациски завет – дека никогаш повеќе народите нема да се уништуваат меѓусебно. Европа на солидарност, вредности и принципи. А што се принципите ако не правила кои треба да важат за сите, норми кои треба да донесат просперитет и иднина?. Ние верувавме во тоа и сè уште веруваме дека Европа е нашиот единствен пат. Нашата татковина нема друга иднина и шанса за успех освен интеграцијата во Европската Унија. Но, исто така, да не се залажуваме – постои и горко искуство од многу откажувања, препреки и неразумни спорови на овој наш пат. Тоа силно и длабоко фрустрира, кога принципите се кршат токму врз грбот на оние кои бараат принципи и праведна шанса. Исто како што обесхрабрува и рамнодушноста на многу поголеми држави кон овие неправедни епизоди на нашиот народ и држава, рече Мицкоски.

Европа, нагласи, е верба во човековото достоинство, во демократијата, во владеењето на правото, во почитта кон различностите и во правото секој народ слободно да чекори по својот пат.

– Разбирам и дека Европа денес повторно се соочува со предизвици. Војни, поделби, радикализам, економска неизвесност и криза на доверба. Во време кога повторно се слуша јазикот на омразата, наша должност е да бидеме глас на разумот, стабилноста и единството. Мора да разговараме и да се обидуваме, затоа што само така можеме да дојдеме до решенија. Но не решенија со кои ќе оставиме големи товари на нашите потомци, туку трајни решенија по кои ќе можеме да одиме напред, истакна Мицкоски.

Секој што ме знае добро, посочи премиерот, уверен е дека, колку и да постојат празнини и недржавничко однесување во нашиот политички естаблишмент, добро знае дека пазар со идентитетот, пазар со нашето достоинство во замена за какви било лични или политички придобивки, какви што имало во нашата понова историја, никогаш нема да правам. Ниту ми паднало на ум такво нешто. Оваа моја позиција им пречи на неколкумина, но и тие знаат дека честа нема цена и дека никогаш нема да нанесам каква било штета на нашата држава, рече Мицкоски



Поврзани содржини

Филипче: Сѐ што кажува премиерот е само изговор, треба да се направат уставните измени

9 мај 2026

А што направи власта за вас?

9 мај 2026

СДСМ: Лукровски се повлекува поради страв од лична кривична одговорност

9 мај 2026
НАЈНОВО

Филипче: Сѐ што кажува премиерот е само изговор, треба да се направат уставните измени

9 мај 2026

Европратеници бараат создавање одбранбен сојуз и независност од НАТО

9 мај 2026

А што направи власта за вас?

9 мај 2026

„Рајанер“ ќе ја затвори базата во Солун

9 мај 2026

СДСМ: Лукровски се повлекува поради страв од лична кривична одговорност

9 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.