Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Кошта со порака до македонските граѓани: Вашата земја е кандидат за членство во ЕУ веќе многу години – време е да се направи чекор напред

9 мај 2026

Трамп: Можеби ќе преместам војници од Германија во Полска

9 мај 2026

Вјоса Османи ја предводи листата на ДСК и е кандидат за претседател на Косово, а Абдижику е кандидат за премиер

9 мај 2026

Жени се тепале пред влезот на гробиштата во Ѓорче

9 мај 2026

Филипче: Сѐ што кажува премиерот е само изговор, треба да се направат уставните измени

9 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
сабота, мај 9
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

А што направи власта за вас?

Press OnlineBy Press Online9 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Премиерот Христијан Мицкоски во својот говор во однос на зголемувањето на наталитетот и иселувањето на младите, ја искористи фразата на американскиот претседател Џон Кенеди при својот инаугурален говор во 1961 година кога рече: „Прашајте се не што вашата земја може да направи за вас, туку што вие ќе направите за вашата земја“.



Имајќи го Кенеди пред очите, Мицкоски рече: „Конечно треба сите ние да си го поставиме прашањето- што можеме ние да направиме за татковината, а не татковината за нас“.

Според премиерот, не треба да се бара времена работа „некаде во некои туристички земји“, и во нив да се плаќа даноци, а истовремено во Македонија да се има бесплатно здравствено осигурување и да се критикува здравствениот систем, односно „истиот систем којшто ние истите го измачуваме и го истрошуваме“. Како што додаде, не може незаслужено да се пишуваат прекувремени работни саати и да се троши буџетот.

Што им оставаме на младите, од кои очекуваме да седат тука и да сведочат на сопствената пропаст? Уништено здравство, кое само властите не ги измачува, затоа што имаат преголема финансиска моќ за да се лекуваат во странство, или во најлош случај, во приватните болници. За такво здравствено осигурување говориме, кое ги голта во непознат правец парите од буџетот за нечии други интереси.

Ги виделе ли властите условите кои им ги нудат на младите во државното здравство? Никогаш не стапнале, барем да побарале слики на руинираните болници, мувлосаните тавани, скинатите и нечисти чаршафи, преморените медицински сестри, доктори, луѓето на кои им аплаудиравме во време на Ковидот за потоа, кога заврши агонијата, се продолжи со понижувањето и газењето на достоинството.

Премиерот Мицкоски бара од луѓето да летуваат на прекрасните македонски планини и езера, нека не си го губат времето во странство, но дали навистина ги видел статистиките? Секој петти граѓанин живее во сиромаштија, официјално соопшти Државниот завод за статистика. Последните статистики се поразителни-над половина од Македонците не можат да си дозволат годишен одмор.

Жалам, но во вакви услови на мизерија, оваа понуда на премиерот за останување на младите во државава не може да се нарече живот. Тоа навреме го сфатиле некои функционери низ годиниве, грабајќи го бугарскиот пасош како гарант за резервна татковина.

Нека ја праша Мицкоски неговата министерка за енергетика, Сања Божиновска, што сторила таа за државава, освен што се закитила со бугарски и чешки пасош, но и огромен имот,  за кој не постои објаснување во графата потекло.

Затоа младите си одат и не се свртуваат. Македонци, Албанци, сите-бегаат и не помислуваат да се вратат тука, и добро е што е така. Не вреди борбата кога сѐ останато и сите околу нив прават сѐ за да ги уништат и избркаат што подалеку, засекогаш.

Поврзани содржини

Кошта со порака до македонските граѓани: Вашата земја е кандидат за членство во ЕУ веќе многу години – време е да се направи чекор напред

9 мај 2026

Жени се тепале пред влезот на гробиштата во Ѓорче

9 мај 2026

Филипче: Сѐ што кажува премиерот е само изговор, треба да се направат уставните измени

9 мај 2026
НАЈНОВО

Кошта со порака до македонските граѓани: Вашата земја е кандидат за членство во ЕУ веќе многу години – време е да се направи чекор напред

9 мај 2026

Трамп: Можеби ќе преместам војници од Германија во Полска

9 мај 2026

Вјоса Османи ја предводи листата на ДСК и е кандидат за претседател на Косово, а Абдижику е кандидат за премиер

9 мај 2026

Жени се тепале пред влезот на гробиштата во Ѓорче

9 мај 2026

Филипче: Сѐ што кажува премиерот е само изговор, треба да се направат уставните измени

9 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.