
🛣Регионалните и селските патишта низ Македонија сѐ почесто се претвораат во индустриски коридори за тешки и претоварени камиони, особено во близина на каменоломи и РУДНИЦИ. По патиштата кои некогаш биле проектирани за локален сообраќај и земјоделска механизација, денес секојдневно се движат камиони и шлепери натоварени над дозволената маса.
🚨Такви примери, а за кои алармираше и #Левица, се регионалниот пат меѓу селата Пагаруша и Вртекица, за што реагираше и локалното население, кај село Ореовец (Прилеп) каде граѓаните веќе долго време БЛОКИРААТ и алармираат за интензивен транспорт на тежок материјал од каменоломи.
⚠️Проблемот не е само локален. И на потегот Плетвар – Прилеп, каде секојдневно циркулираат тешки товарни возила и градежна механизација веќе има сериозни оштетувања и дополнителни ризици за безбедноста во сообраќајот. Истиот проблем се јавува и во градски средини, па така регионалниот пат кој поминува низ Долно Лисиче, а по кој сообраќаат камиони на „Беровиќ“, иако е направен пред неколку години, веќе се покажуваат проблеми.
❌️Претоварените камиони и шлепери имаат огромно влијание во уништувањето на патиштата, многу повеќе отколку што изгледа на прв поглед. Во патната инфраструктура, неколку тони повеќе товар може да значат повеќекратно поголема штета. Во патниот инженеринг едно од главните правила е т.н. „правило на четврти степен“, според кое оштетувањето на патот расте експоненцијално со тежината на оската. Тоа значи дека ако товарот на оската се дуплира, штетата не е двојна, туку и до 16 пати поголема.
🔸️Најголеми последици од претоварени возила, а кои веќе се видливи низ патиштата се:
-пукање и распаѓање на асфалтот;
-колотрази и деформации;
-уништување на мостови и потпорни конструкции;
-уништување на тампон и дренажни слоеви;
-тонење на патиштата и
-огромни трошоци за реконструкција и санација.
Дополнително, претоварените камиони и шлепери претставуваат сериозна опасност и за безбедноста во сообраќајот. Тие имаат подолг пат на кочење, потешко ја задржуваат стабилноста на кривини и спустови и создаваат поголем ризик од тешки сообраќајни несреќи.
Иако и кај нас постојат мобилни ваги и законска регулатива за контрола на осовински товар, контролите се ретки, недоволни и често селективни. Во пракса многу транспортни компании ги претовараат возилата бидејќи поважен им е профитот од јавниот интерес, уништените патишта, безбедноста на граѓаните и штетата која на крај ја плаќа народот.
Најголеми жртви на ваквиот систем се токму регионалните и селски патишта и старите мостови кои никогаш не биле проектирани за индустриски транспорт и тешка механизација.

