Стотици Кубанци излегоа на улиците на Хавана во знак на протест против постојаните прекини на електричната енергија, бидејќи земјата останува без нафта откако го загуби својот главен снабдувач Венецуела претходно оваа година.
На социјалните мрежи се прикажуваат снимки како жителите на Хавана палат барикади и удираат со тенџериња за да го изразат својот гнев поради дневните прекини на електричната енергија што можат да траат до 22 часот.
Владата на оваа социјалистичка карипска островска нација виновникот за енергетската криза го посочи во САД и нивното нафтено ембарго.
Енергетската мрежа помеѓу централната покраина Сиего де Авила и источниот регион Гвантанамо вчераутро повторно повторно беше во прекин, посочи националниот оператор UNE.
Од почетокот на годината, само еден руски танкер со 100.000 тони нафта успеа да стигне до Куба. Според владата, на островот со околу 10 милиони жители му се потребни најмалку осум вакви испораки месечно за да ги покрие своите енергетски потреби.
Куба со години се соочува со тешка економска криза, која е влошена од ембаргото за нафта на САД во последните неколку месеци.
Хавана го загуби својот главен снабдувач со нафта, Венецуела, кога американските специјални сили го уапсија претседателот Николас Мадуро во Каракас на почетокот на јануари. Мексико, исто така, ги ограничи испораките на нафта откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани со казнени тарифи за земјите од кои Куба ја набавува својата нафта.
Американскиот Стејт департмент пред два дена му понуди на кубанскиот народ 100 милиони долари директна хуманитарна помош, која ќе биде дистрибуирана преку Католичката црква и други независни организации.

