Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

СДСМ: По Унгарија, и во Македонија се најавува истрага за зделката на Мицкоски со 4iG

17 мај 2026

ВЛЕН: Обезбедени 18,3 милиони денари за поддршка на бизнисите, занаетчиите и индустријата

17 мај 2026

СДСМ обвинува: Фирма блиска до власта добила 93 тендери вредни над 18 милиони евра

17 мај 2026

Америка би сакала да го уапси Кастро по Мадуро

17 мај 2026

Вучевиќ се сретна со Мицкоски во Скопје: Меѓусебната почит и соработката важни за иднината на регионот

17 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
недела, мај 17
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

СДСМ обвинува: Фирма блиска до власта добила 93 тендери вредни над 18 милиони евра

Press OnlineBy Press Online17 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Антикорупцискиот тим (АКТ) на СДСМ денеска преку прес-конференција обвини за нов, милионски скандал со јавни набавки, тврдејќи дека власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ континуирано доделува тендери на свои „омилени“ компании.

Според членот на Извршниот одбор на партијата, Јон Фрчкоски, станува збор за фирмата „МАСТЕФ ДООЕЛ“, која, како што тврдат од опозицијата, досега добила дури 93 тендери чија вкупна вредност надминува 18,3 милиони евра.

„Шемата е добро позната и разработена. Ова е корупциски систем во кој едни исти фирми добиваат сè. На локално ниво. На централно ниво. Во институциите, општините, сите раководени од кадри на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Фрчкоски, обвинувајќи дека на овој начин бездушно се испумпуваат парите на граѓаните.

Од СДСМ посочуваат дека најголемите суми за оваа компанија се реализирани во Скопје, потенцирајќи дека истата фирма го добила и последниот тендер поврзан со Луна паркот. Во тој контекст, Фрчкоски упати критики до градските власти, обвинувајќи дека додека ѓубрето во Скопје стои неисчистено, „на големо се чистат парите на граѓаните“.

Во своето обраќање, претставникот на СДСМ ја обвини Владата дека додека тврди оти нема пари за повисоки плати, пензии и антикризни мерки, дели милиони на фирми блиски до нив. Според оценките на опозициската партија, отсуството на реформи и стагнацијата на патот кон ЕУ се намерни.

„Колку повеќе сме далеку од Европа, толку повеќе простор има за местење тендери, за богатење на блиски фирми и за организиран грабеж на државата“, се наведува во партиското обвинување.

На крајот од прес-конференцијата, СДСМ објави документи и директно го повика Јавното обвинителство да постапи по овие сознанија.

Од партијата прашуваат до кога институцијата ќе молчи и дали „обвинителот чека насоки по телефон од премиерот Мицкоски“. Од СДСМ порачаа дека ќе продолжат да ги разобличуваат сите тендери и криминални шеми.

 

Поврзани содржини

СДСМ: По Унгарија, и во Македонија се најавува истрага за зделката на Мицкоски со 4iG

17 мај 2026

ВЛЕН: Обезбедени 18,3 милиони денари за поддршка на бизнисите, занаетчиите и индустријата

17 мај 2026

Вучевиќ се сретна со Мицкоски во Скопје: Меѓусебната почит и соработката важни за иднината на регионот

17 мај 2026
НАЈНОВО

СДСМ: По Унгарија, и во Македонија се најавува истрага за зделката на Мицкоски со 4iG

17 мај 2026

ВЛЕН: Обезбедени 18,3 милиони денари за поддршка на бизнисите, занаетчиите и индустријата

17 мај 2026

СДСМ обвинува: Фирма блиска до власта добила 93 тендери вредни над 18 милиони евра

17 мај 2026

Америка би сакала да го уапси Кастро по Мадуро

17 мај 2026

Вучевиќ се сретна со Мицкоски во Скопје: Меѓусебната почит и соработката важни за иднината на регионот

17 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.