Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

ОЈО Скопје бара 48-часовен притвор за 19-годишникот осомничен за убиството кај Сарај

17 мај 2026

Скопје Прајд 2026 ќе се одржи на 20 јуни под слоганот „Сите нека знаат“

17 мај 2026

АСОМ: Никогаш не сме биле дел од процесот на изработка на новиот предлог закон

17 мај 2026

Лажна тревога во „Ист гејт“: Евакуирани посетителите по активиран аларм за пожар

17 мај 2026

ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: Наместо да предлага „фронт за правда“, нека побара одговорност од поранешните функционери на СДСМ

17 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
недела, мај 17
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

АСОМ: Никогаш не сме биле дел од процесот на изработка на новиот предлог закон

Press OnlineBy Press Online17 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email



„Неразбирливо е како Владата по секоја цена се обидува да донесе закон што ќе има низа негативни последици врз граѓаните и општеството. Овој закон нема да реши ниту еден проблем, туку ќе создаде огромни нови проблеми. Со него, де факто, се затвораат легалните игри на среќа и широко се отвора вратата за нелегално обложување по подруми, со што државата се враќа во деведесеттите години.

Со затворањето на легалните објекти ќе почне да царува криминалот и нелегалното обложување, што ќе претставува огромен ризик за граѓаните и играчите. Ова веќе се случи во Албанија, а истото ќе се случи и кај нас.

Понатаму, 10.000 лица директно вработени во индустријата ќе останат без работа, а уште 50.000 индиректно поврзани работни места ќе бидат загрозени. Повеќе од 800 деловни објекти под закуп ќе останат без закупци. Во буџетот ќе недостигаат над 280 милиони евра по различни основи.

Целта на овој закон не е заштита на играчите и граѓаните, туку обезбедување монопол на власта во овој сектор. Ние, како приредувачи на игри на среќа, нема да го дозволиме тоа. Најавуваме масовни протести и целосно ќе ја изнесеме вистината пред јавноста.

Жално е што ниту една институција не се обиде да организира јавна дебата, ниту се одважи да се соочи со нас и да ги слушне аргументите. Не е точна изјавата дека сме биле повикани или дека законот бил подготвуван низ широк консултативен процес. Напротив, законот е целосно изготвен без каква било консултација со нас.

Нашиот став е дека е потребен европски закон кој вистински ќе ги штити играчите, ќе го либерализира пазарот на онлајн обложување и ќе обезбеди соодветна заштита и едукација на играчите. За тоа сме подготвени да разговараме, а ваков закон сме понудиле повеќепати и во минатото.

Во наш интерес, како Асоцијација, е да имаме долгорочно и одржливо решение што ќе биде во интерес и на граѓаните и на индустријата. Тоа би требало да биде интерес и на институциите. Сè друго отвора сомнеж дека зад овој закон стојат политички интереси, за што нема да молчиме“ – стои во соопштението од Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ).

Извор: fokus.mk 



Поврзани содржини

ОЈО Скопје бара 48-часовен притвор за 19-годишникот осомничен за убиството кај Сарај

17 мај 2026

Скопје Прајд 2026 ќе се одржи на 20 јуни под слоганот „Сите нека знаат“

17 мај 2026

Лажна тревога во „Ист гејт“: Евакуирани посетителите по активиран аларм за пожар

17 мај 2026
НАЈНОВО

ОЈО Скопје бара 48-часовен притвор за 19-годишникот осомничен за убиството кај Сарај

17 мај 2026

Скопје Прајд 2026 ќе се одржи на 20 јуни под слоганот „Сите нека знаат“

17 мај 2026

АСОМ: Никогаш не сме биле дел од процесот на изработка на новиот предлог закон

17 мај 2026

Лажна тревога во „Ист гејт“: Евакуирани посетителите по активиран аларм за пожар

17 мај 2026

ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: Наместо да предлага „фронт за правда“, нека побара одговорност од поранешните функционери на СДСМ

17 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.