Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

„You’re fucking crazy!“ Трамп гневен на Нетанјаху во разговорот за Либан

2 јуни 2026

Савески со порака до власта – Сиромашно обвинителство не може да се бори со богат криминал

2 јуни 2026

Албанското „СЈО“ отвори истрага за ресортот на Кушнер

2 јуни 2026

4NEWS.mk: Авионот со македонската фудбалска репрезентација итно се врати по полетувањето на аеродромот во Истанбул поради технички проблем

2 јуни 2026

Во Белгија штрајк на контролорите на воздушниот сообраќај

2 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
вторник, јуни 2
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Вардар се брани пред ФФМ по навредливата песна за Каролина: Клубот нема врска со навредливото славење

Press OnlineBy Press Online22 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

ФК Вардар официјално ја оспори дисциплинската постапка што ја поведе Фудбалската федерација на Македонија поради навредливото и дискриминаторско славење по освоената шампионска титула.



Во писменото произнесување доставено до Дисциплинската комисија на ФФМ, клубот тврди дека настанот за кој се води постапката не бил официјална прослава организирана од Вардар, туку приватна забава во угостителски објект, на која присутните учествувале како физички лица.

„ФК Вардар АД во целост ги оспорува наводите содржани во Одлуката и смета дека во конкретниот случај не постојат фактички ниту правни основи за поведување и водење дисциплинска постапка против клубот“, стои во документот.

Од Вардар посочуваат дека официјалната клупска прослава била закажана за 23 мај 2026 година, а спорниот настан не бил дел од официјален протокол, ниту организиран, координиран или финансиран од клубот.

„Настанот кој е предмет на оваа постапка претставува приватна забава која се одвивала во угостителски објект од приватен карактер“, наведуваат од клубот.

Во дописот, Вардар тврди дека ФФМ нема надлежност да санкционира приватни активности на физички лица кои не се дел од официјални натпревари или активности под организација на федерацијата.

Клубот дополнително наведува дека дисциплинската одговорност мора да биде индивидуализирана и дека не може автоматски да се поврзува со клубот како правно лице.

„Во предметниот случај таква врска не постои“, се наведува во произнесувањето.

Вардар оценува и дека евентуалното однесување на поединци на приватен настан може да биде предмет само на граѓанско-правни или други законски постапки меѓу конкретни физички лица, но не и на дисциплинска постапка пред ФФМ.

Од клубот предупредуваат и дека јавниот, медиумски или политички притисок не смее да биде основа ФФМ да постапува надвор од своите законски и статутарни ингеренции.

„Секое поинакво постапување би значело создавање преседан на проширено и неовластено дисциплинско постапување за приватни дејствија кои не се дел од официјален спортски настан“, пишува во документот.

На крајот, Вардар бара Дисциплинската комисија да ја запре постапката и истата да биде затворена како неоснована.

Претходно, ФФМ отвори дисциплинска постапка откако по освоената титула, фудбалери и присутни на прославата пееја навредливи песни за Пелистер и ја навредуваа пејачката Каролина Гочева.



Поврзани содржини

Савески со порака до власта – Сиромашно обвинителство не може да се бори со богат криминал

2 јуни 2026

4NEWS.mk: Авионот со македонската фудбалска репрезентација итно се врати по полетувањето на аеродромот во Истанбул поради технички проблем

2 јуни 2026

МОЖЕ НЕКОЈ ДА СЕ ИСМЕВА АМА СЕГА СМЕ ВО ПРВИТЕ ТРИ ЗЕМЈИ ВО ЕВРОПА ПО РАСТ НА БДП, РЕЧЕ МИЦКОСКИ

2 јуни 2026
НАЈНОВО

„You’re fucking crazy!“ Трамп гневен на Нетанјаху во разговорот за Либан

2 јуни 2026

Савески со порака до власта – Сиромашно обвинителство не може да се бори со богат криминал

2 јуни 2026

Албанското „СЈО“ отвори истрага за ресортот на Кушнер

2 јуни 2026

4NEWS.mk: Авионот со македонската фудбалска репрезентација итно се врати по полетувањето на аеродромот во Истанбул поради технички проблем

2 јуни 2026

Во Белгија штрајк на контролорите на воздушниот сообраќај

2 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.