Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

„You’re fucking crazy!“ Трамп гневен на Нетанјаху во разговорот за Либан

2 јуни 2026

Савески со порака до власта – Сиромашно обвинителство не може да се бори со богат криминал

2 јуни 2026

Албанското „СЈО“ отвори истрага за ресортот на Кушнер

2 јуни 2026

4NEWS.mk: Авионот со македонската фудбалска репрезентација итно се врати по полетувањето на аеродромот во Истанбул поради технички проблем

2 јуни 2026

Во Белгија штрајк на контролорите на воздушниот сообраќај

2 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
вторник, јуни 2
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Изјави од претставници на Здружение на вработени во сектор игри на среќа „Сакам да работам“ 

Press OnlineBy Press Online22 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Изјава на Оливера Костова, претставник на Здружение на вработени во сектор игри на среќа „Сакам да работам“, Скопје, 22 мај 2026 година



Причината за денешниот протест е Законот за игри на среќа кој Владата набрзина му го предложи на Собранието. Тие што го подготвувале законот не сметале дека треба да го чујат нашето мислење и искуство пред да го предложат.

 

Сигурно се прашувате зошто протестот е овде во трговскиот центар Лептокарија? Токму оваа локација е потврда дека предлогот на Владата за дистанца од 500 метри е предлог за затворање на легалните објекти за игри на среќа. Затоа, ние вработените во овие објекти протестираме овде половина час како прво предупредување за тоа што ќе следи.

 

Доколку се усвои предлогот на Владата, 10 илјади вработени во овој сектор ќе останеме на улица, а тоа значи дека заедно со нашите семејства ќе станеме 35 илјади нови кандидати за иселување надвор од земјата. Тоа е социјална бомба. Каде ние да се вработиме?

Актуелните наши работодавачи ни обезбедија обуки, професионално усовршување по највисоки европски и светски стандарди за организирање игри на среќа. Ако овој економски сектор престане да постои во Македонија ние ќе немаме друг избор освен да аплицираме во странство, во ЕУ, во западните земји за да работиме на работни места за кои сме се обучиле.

Сакаме да упатиме јасна порака. Нашите протести се демократска битка за вистината. Долг период игрите на среќа се цел на негативна кампања. Ние не сме закана за младината. Закана за младината е популизмот кој затворајќи ги легалните објекти ќе ги направи младите лесен плен на играчници на црно кои ќе се одвиваат по подруми, каде државата ќе нема никаква контрола.

Ние се бориме со аргументи и факти. Јавноста треба да види кој е подготвен да преземе одговорност за тоа што следи доколку се затвори овој легален економски сектор. Ние знаеме дека сме во право и стоиме зад секој искажан збор.

Доколку надлежните и натаму мислат дека можат да не игнорираат, ние сме подготвени да организираме масовни протести.

 

Изјава на Стеван Крстевски, претставник на Здружение на вработени во сектор игри на среќа „Сакам да работам“, Скопје, 22 мај 2026 година

Добар ден на сите! Денес стојам тука пред вас, во придружба на моите колеги, како еден обичен работник од индустријата за игри на среќа. Сакаме до сите надлежни институции, по кој знае кој пат, да испратиме една порака: Ние сме вкупно 10.000 вработени во оваа индустрија и ова што ни се случува е навистина срамота. Но, нема повеќе да молчиме!

Ова денеска е само предупредувачки собир. Излезени сме во помал број за да покажеме дека сме спремни. Но, ако Владата итно не најде решение за нашите работни места, масовно ќе излеземе на улица, со сите наши вработени и целите наши семејства, сè додека некој не нè сфати сериозно.

Цели 8 години сме жртви на секоја политика, на секоја Влада, за нечии лични бизнис интереси. Секој што сака да ќари евтини политички поени, удира по нашиот грб. 8 години секој што ќе стигне нè држи во заложништво. Оставени сме во целосна неизвесност и секој ден живееме во страв дали утре нашиот објект ќе биде затворен и дали нашите работни места ќе постојат.

Дали некој се запрашал какво е чувството да се живее во ваква агонија и постојан немир? Од оваа работа ние чесно го вадиме нашиот леб. Ова е за нас единствен стабилен приход и надлежните мора да разберат дека овој предлог-закон удира врз реални човечки судбини. Сите ние имаме кредити за плаќање, подмируваме кирии и сметки, издржуваме семејства.

Недозволиво е оние кои седат во удобните фотелји, вака да си поигруваат со нашата егзистенција.

Затоа, нашата порака е јасна: Нема да дозволиме преку ноќ да нè избркате на улица. Оставете нè конечно на мира чесно да работиме! Ако не бидеме слушнати сега, следниот чекор се масовни блокади низ целата држава и нема да отстапиме сè додека нашите работни места не бидат безбедни. Благодарам.

 



Поврзани содржини

Савески со порака до власта – Сиромашно обвинителство не може да се бори со богат криминал

2 јуни 2026

4NEWS.mk: Авионот со македонската фудбалска репрезентација итно се врати по полетувањето на аеродромот во Истанбул поради технички проблем

2 јуни 2026

МОЖЕ НЕКОЈ ДА СЕ ИСМЕВА АМА СЕГА СМЕ ВО ПРВИТЕ ТРИ ЗЕМЈИ ВО ЕВРОПА ПО РАСТ НА БДП, РЕЧЕ МИЦКОСКИ

2 јуни 2026
НАЈНОВО

„You’re fucking crazy!“ Трамп гневен на Нетанјаху во разговорот за Либан

2 јуни 2026

Савески со порака до власта – Сиромашно обвинителство не може да се бори со богат криминал

2 јуни 2026

Албанското „СЈО“ отвори истрага за ресортот на Кушнер

2 јуни 2026

4NEWS.mk: Авионот со македонската фудбалска репрезентација итно се врати по полетувањето на аеродромот во Истанбул поради технички проблем

2 јуни 2026

Во Белгија штрајк на контролорите на воздушниот сообраќај

2 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.