Рубин Земон си даде оставка од функцијата член на Извршниот комитет на СДСМ.
Ова следува откако Земон прво изјави дека Гоце Делчев не бил до тој степен заслужна историска фигура и откако се сретна со лидерот на Фондација Македонија Виктор Стојанов, кој застапува пробугарски ставови.
,,Сакајќи да го заштитам угледот на СДCM од непринципиелните напади кон мене, а со тоа не бирајќи средства да го инволвираат и моето семејство, а со цел да не бидам терет на борбата на партијата кон уривањето на оваа власт, поднесувам оставка од местото член ИО на СДCM”, објави Земон на фејсбук.

