Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Експлозии, топовски удари: Во Белград се судрија полицијата и дел од демонстрантите

23 мај 2026

Коњановски- Ќе лета директорката на основното училиште ако згрешила со наставникот кој држел настава без договор

23 мај 2026

Поради оштетен резервоар со токсични хемикалии во Калифорнија евакуирани 44.000 луѓе

23 мај 2026

ВЛЕН: Просрпскиот собир во Куманово го организираше пријателот на Бујар Османи, почесниот конзул Владимир Стајиќ

23 мај 2026

Протест во Белград: Полицијата го исполнува Ќациленд

23 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
сабота, мај 23
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Министерството за транспорт ги објави понудите за автобусите: Нема криминал од 12 милиони евра, СДСМ да се извини или оди на суд

Press OnlineBy Press Online23 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email



Како неосновани и паушални ги оцени Министерството за транспорт и врски денешните обвинувања од СДСМ, објавувајќи ги јавно деталите и конкретните суми од четирите пристигнати понуди за електричните автобуси.

Од институцијата посочуваат дека иако меѓународниот јавен повик на крајот пропаднал, целиот процес на евалуација бил спроведен строго според законските процедури во земјава.

„Министерството за транспорт ја водеше постапката за набавка на 150 електрични автобуси и електрични полначи во целосно транспарентен процес и целосно согласно Законот за јавни набавки. Согласно процедурата, до Министерството за транспорт пристигнаа 4 понуди кои беа предмет на евалуација. Иако тендерот пропадна, во интерес на јавноста би сакале да ги објавиме понудите и причините за отфрлање на секоја од нив“, соопштуваат од Министерството.

Во официјалната статистика се наведува дека вкупните понуди без ДДВ изнесувале 50.700.000 € за „Актрус“, по 50.600.000 € за конзорциумот „Икарус-ЕВН“ и „Жонг Тонг“, и 59.200.000 € за компанијата „БМЦ“.

„Поединечните цени по автобус без полнач се: Електробус/Икарус: 314 000 €, Актрус/ Кинг Лонг: 324 000 €, Жонг Тонг: 327 000 € и БМЦ: 385 000 €. Од ова се забележува дека сите цени се приближно исти, односно нема разлика од 12 милиони евра. Затоа бараме јавно извинување од СДСМ, во спротивно ќе поднесеме тужба за клевета“, реагираат од таму.

Како причини за дисквалификација се наведуваат главно пропусти во документацијата, како што се невалидни или недоставени банкарски гаранции кај три од фирмите, и пропуст со електронскиот потпис кај унгарско-австрискиот конзорциум.

Од Министерството за транспорт испратија и директна порака до СДСМ со прашање за нивните вистински мотиви зад денешниот настап во медиумите.

„Се наметнува и прашањето зошто во денешната прес-конференција СДСМ излегува во одбрана на кинеска компанија? Имено, дописот кој го покажуваат е од кинеската Актрус/Кинг Лонг, чијашто понуда е невалидна, но и како таква не е за 12 милиони евра поевтина. Дали СДСМ одработува за странски интереси и зошто? Или мотивот е локален и се крие зад локални пробисвети и криминалци? Тоа се прашања за СДСМ“, стои на крајот од реакцијата.

Извор: press24.mk



Поврзани содржини

Коњановски- Ќе лета директорката на основното училиште ако згрешила со наставникот кој држел настава без договор

23 мај 2026

ВЛЕН: Просрпскиот собир во Куманово го организираше пријателот на Бујар Османи, почесниот конзул Владимир Стајиќ

23 мај 2026

Притвор од 30 дена за возачот на камион кој удри во патничко возило на скопската обиколница

23 мај 2026
НАЈНОВО

Експлозии, топовски удари: Во Белград се судрија полицијата и дел од демонстрантите

23 мај 2026

Коњановски- Ќе лета директорката на основното училиште ако згрешила со наставникот кој држел настава без договор

23 мај 2026

Поради оштетен резервоар со токсични хемикалии во Калифорнија евакуирани 44.000 луѓе

23 мај 2026

ВЛЕН: Просрпскиот собир во Куманово го организираше пријателот на Бујар Османи, почесниот конзул Владимир Стајиќ

23 мај 2026

Протест во Белград: Полицијата го исполнува Ќациленд

23 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.