Иран соопшти дека нуклеарното прашање не е дел од почетната рамка што ја подготвува за ставање крај на војната со САД.
– Во оваа фаза нема да разговараме за деталите од нуклеарното прашање … одлучивме да му дадеме приоритет на едно итно прашање за сите нас: прекин на војната на сите фронтови, вклучително и во Либан – изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи, Есмаил Багаи, за државната телевизија.
Тој додаде дека нуклеарното досие ќе биде „предмет на посебни дискусии“ во подоцнежна фаза.

