Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Велосипедист прегазен кај Мавровка – Либертас

24 мај 2026

Вашингтон воведе рестрикции за влез во САД од три земји поради епидемијата на ебола

24 мај 2026

Успешна спасувачка акција на Кораб

24 мај 2026

Филипче го прифати повикот на Димитриеска-Кочоска, но бара дебата пред камери и со медиуми

23 мај 2026

Папата Лав Четиринаесетти во посета на јужноиталијанскиот регион загрозен од мафијашкиот токсичен отпад

23 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
недела, мај 24
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Филипче го прифати повикот на Димитриеска-Кочоска, но бара дебата пред камери и со медиуми

Press OnlineBy Press Online23 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email



Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, го прифати повикот на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска за средба во Министерството, но побара таа да биде целосно отворена за јавноста и на неа да присуствуваат медиумите со амери.

Ваквата реакција доаѓа по јавната покана на министерката до економскиот тим на опозицијата со цел да се соочат економските аргументи и бројки.

Филипче, преку објава на неговиот профил на Икс, нагласи дека опозицијата е подготвена за директно соочување, но инсистира на целосна транспарентност пред граѓаните.

Министерката Кочовска нè повикува на средба за „убаво да ги објасниме работите“.

Добро. Доаѓаме.

Но да дојдат и медиумите со камери.

Отворете ги вратите широко, нека слушаат и нека гледаат граѓаните.

Нека ни објасни како 1 + 2 = 5, како што објаснуваше дека половина Европа…

— Venko Filipce (@VFilipche) May 23, 2026

„Добро. Доаѓаме. Но, да дојдат и медиумите со камери. Отворете ги вратите широко, нека слушаат и нека гледаат граѓаните. Нека ни објасни како 1+2=5, како што објаснуваше дека половина Европа ќе банкротира, а Македонија ќе стане богата“, напиша лидерот на СДСМ.

Од опозициската партија порачуваат дека нивниот тим е подготвен за отворена дебата која ќе се темели на бројки, а не на, како што велат, политички конструкции.

Според Филипче, јавноста мора да ја дознае вистината за состојбата со јавните финансии, обвинувајќи ја власта дека бара „ново алиби за катастрофалното водење на финансиите“.

Инаку, денеска Филипче на прес-конференција рече дека буџетот е пред колапс и нема пари за повисоки плати, пензии и антикризни мерки. Тој ја оцени состојбата во економијата како сериозно влошена и ја обвини Владата предводена од Христијан Мицкоски дека не успеала да обезбеди подобар животен стандард за граѓаните.

По ова министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска преку објава на Фејсбук го повика економскиот тим на опозициската СДСМ на заедничка средба во Министерството, со цел, како што вели, да се разјаснат економските состојби со реални бројки, наспроти „хистеричните прес-конференции полни со невистини“.

Според министерката, опозицијата изнесува погрешни толкувања и паника во јавноста, иако официјалните економски показатели покажуваат стабилност и раст.

Извор: 360stepeni.mk 



Поврзани содржини

Велосипедист прегазен кај Мавровка – Либертас

24 мај 2026

Успешна спасувачка акција на Кораб

24 мај 2026

Димитриеска-Кочоска го повика економскиот тим на СДСМ на соочување во Финансии за да ги разјаснат економските состојби со реални бројки

23 мај 2026
НАЈНОВО

Велосипедист прегазен кај Мавровка – Либертас

24 мај 2026

Вашингтон воведе рестрикции за влез во САД од три земји поради епидемијата на ебола

24 мај 2026

Успешна спасувачка акција на Кораб

24 мај 2026

Филипче го прифати повикот на Димитриеска-Кочоска, но бара дебата пред камери и со медиуми

23 мај 2026

Папата Лав Четиринаесетти во посета на јужноиталијанскиот регион загрозен од мафијашкиот токсичен отпад

23 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.