Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Портал X: Полициска потера како во акционен филм во Арачиново, полицијата пукаше во населено место

24 мај 2026

Најмалку едно лице загина при уривање на зграда во Филипините

24 мај 2026

„И Здравје и Работа“: Македонија мора одговорно да ги користи своите потенцијали за економски развој

24 мај 2026

Автомобил и автобус се судрија во Аеродром, можно е „сеатот“ да возел во спротивна насока

24 мај 2026

Над 200 сомнителни смртни случаи од ебола во Конго

24 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
недела, мај 24
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Над 200 сомнителни смртни случаи од ебола во Конго

Press OnlineBy Press Online24 мај 2026 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Повеќе од 200 лица починаа во епидемијата на ебола во Демократска Република Конго, од вкупно 867 пријавени случаи на сомнителна зараза, соопшти синоќа Министерството за здравство на земјата.

Според официјалните податоци, 204 смртни случаи во три провинции на оваа голема централноафриканска држава најверојатно се предизвикани од вирусот.

Во претходниот извештај на Светската здравствена организација (СЗО), објавен во петокот, беа наведени 177 сомнителни смртни случаи од 750 заразени лица.

ДР Конго на 15 мај прогласи епидемија на ебола предизвикана од сојот бундибугио, против кој не постои вакцина ниту специфичен третман, а стапката на смртност достигнува и до 50%.

Во земјата во моментов само неколку лаборатории вршат тестирања за вирусот, а жариштето на заразата се наоѓа во оддалечен и тешко пристапен регион каде што дејствуваат вооружени групи.

Бројот на официјално потврдени смртни случаи од болеста се искачи на 10, додека бројот на лабораториски потврдени заразени достигна 91, соопшти Министерството за здравство.

Десет држави се изложени на ризик од ширење на заразата, предупреди вчера директорот на Здравствената агенција на Африканската Унија, Жан Касеја. Станува збор за Јужен Судан, Руанда, Кенија, Танзанија, Етиопија, Конго, Бурунди, Ангола, Централна Африка и Замбија.

СЗО оцени дека епидемијата претставува мал ризик на глобално ниво.

Поврзани содржини

Најмалку едно лице загина при уривање на зграда во Филипините

24 мај 2026

Пезешкијан изјави дека Иран е подготвен да го смири светот дека Иранците не сакаат нуклеарно оружје

24 мај 2026

Тајната служба ликвидираше вооружен маж кој отвори оган кај Белата куќа

24 мај 2026
НАЈНОВО

Портал X: Полициска потера како во акционен филм во Арачиново, полицијата пукаше во населено место

24 мај 2026

Најмалку едно лице загина при уривање на зграда во Филипините

24 мај 2026

„И Здравје и Работа“: Македонија мора одговорно да ги користи своите потенцијали за економски развој

24 мај 2026

Автомобил и автобус се судрија во Аеродром, можно е „сеатот“ да возел во спротивна насока

24 мај 2026

Над 200 сомнителни смртни случаи од ебола во Конго

24 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.