Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Претседателката Сиљановска Давкова : Кирил и Методиј се темелот на духовниот и културниот идентитет на македонскиот народ

25 мај 2026

Мицкоски на свечената академија за Св. Кирил и Методиј: Образованието е штит на државата, трпението за правдата е при крај

25 мај 2026

(Галерија) Магацин на поранешната Декортекст изгоре вечерва и ги вознемири жителите на Радовиш

25 мај 2026

Влен: Борбата против финансиската експлоатација на граѓаните станува реалност

25 мај 2026

СДСМ: Обвинителот Савески доби нови задачи од Мицкоски, овој пат на празник

25 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
понеделник, мај 25
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Претседателката Сиљановска Давкова : Кирил и Методиј се темелот на духовниот и културниот идентитет на македонскиот народ

Press OnlineBy Press Online25 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 24 Мај – Денот на светите браќа Кирил и Методиј, упати порака во која истакна дека делото на солунските браќа и денес има обединувачка моќ и претставува заедничко цивилизациско наследство на словенските народи.

Во објавата, таа нагласува дека светите Кирил и Методиј се „апостоли и заштитници на Европа“, творци на глаголицата и просветители кои овозможиле словенските народи да ја артикулираат својата мисла, вера и културна самосвест на сопствен јазик.

„Јазикот не е само збир на зборови, туку и колективна меморија, вредносен код и чувство на припадност што еден народ ги пренесува низ времето, од генерација на генерација“, наведува Сиљановска-Давкова.

Таа оценува дека без култура, образование и наука, но и без вредносен систем, ниту едно општество не може да изгради доверба и заедништво, особено „во време на неизвесност, длабоки поделби и сè поизразена отуѓеност“.

Во честитката, претседателката потсетува и на историската улога на светите браќа во ширењето на писменоста и духовната еманципација меѓу словенските народи, нагласувајќи дека нивниот подвиг не се состои само во создавањето на азбуката, туку и во отворањето можност народите да се изразуваат на јазик што го чувствуваат како свој.

„Честит 24 Мај, Денот на светите браќа Кирил и Методиј!“, порачува претседателката во својата објава.

Поврзани содржини

Мицкоски на свечената академија за Св. Кирил и Методиј: Образованието е штит на државата, трпението за правдата е при крај

25 мај 2026

(Галерија) Магацин на поранешната Декортекст изгоре вечерва и ги вознемири жителите на Радовиш

25 мај 2026

Влен: Борбата против финансиската експлоатација на граѓаните станува реалност

25 мај 2026
НАЈНОВО

Претседателката Сиљановска Давкова : Кирил и Методиј се темелот на духовниот и културниот идентитет на македонскиот народ

25 мај 2026

Мицкоски на свечената академија за Св. Кирил и Методиј: Образованието е штит на државата, трпението за правдата е при крај

25 мај 2026

(Галерија) Магацин на поранешната Декортекст изгоре вечерва и ги вознемири жителите на Радовиш

25 мај 2026

Влен: Борбата против финансиската експлоатација на граѓаните станува реалност

25 мај 2026

СДСМ: Обвинителот Савески доби нови задачи од Мицкоски, овој пат на празник

25 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.