Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Ужасен скандал со злоставување деца во Франција

26 мај 2026

Зеленски го отфрли предлогот на Мерц за придружно членство во ЕУ

25 мај 2026

Панче Тошковски најавува „шок“ во предметот „Мазут“

25 мај 2026

Иран се согласи да го пренесе збогатениот ураниум во Кина

25 мај 2026

Видео: Свлечиште настанало во Центар при ископ на дупка за изградба на зграда, багерот бил затрупан, багеристот успеал навреме да излезе

25 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
вторник, мај 26
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Видео: Свлечиште настанало во Центар при ископ на дупка за изградба на зграда, багерот бил затрупан, багеристот успеал навреме да излезе

Press OnlineBy Press Online25 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email



Свлечиште на земјата настанало денеска во општина Центар при вршење на ископ на дупка за изградба на зграда со работна машина багер, при што бил затрупан багерот, но лицето кое го управувало навреме излегло, информираат од Министерството за внатрешни работи.

-Денеска (25.05.2026) околу 13:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. “Христо Смирненски” при вршење на ископ на дупка за изградба на зграда со работна машина багер, ангажиран од фирма-инвеститор, настанало свлечиште на земјата, при што бил затрупан багерот, но лицето кое го управувало навреме излегло, нагласуваат од МВР.

Од свлечиштето оштетени се делови од тротоарот и улицата, а паднала и бандера која оштетила возило „дачија сандеро”, сопственост на Е.М..

Од МВР нагласуваат дека за инцидентот се известени Центарот за управување со кризи, ЕВН и други институции, а на местото на настанот се упатени полициски службеници и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

За свлечиштето претходно на Фејсбук објави групата „Во одбрана на Буњаковец“.

-Свлечиште на спојката на улица „Христо Смирненски“ и булеварот „Теодосиј Гологанов“ поранешен „Иво Лола Рибар“. Колапс на земјиштето под асфалтот до новото градилиште што работеше и на државен празник. Оштетена е целата инфраструктура – кабли за струја, телекомуникации… Дали се загрозени и коловозите и тротоарите на булеварот и улицата – проценете сами, се наведува во објавата, во која е прикачено и видео од инцидентот. ац/

 



Поврзани содржини

Панче Тошковски најавува „шок“ во предметот „Мазут“

25 мај 2026

Неможам да кажам зошто МВР не дала снимки од видеонадзорот и зошто ЈО оди со детали во јавност вели Тошковски за 360 и „фрли“ сомнеж врз обвинителот

25 мај 2026

Зошто ОЈО ГОКК се жали дека МВР не одговара на наредбата за случајот со надзорот над „Бехтел и Енка“ – прашање до Тошковски

25 мај 2026
НАЈНОВО

Ужасен скандал со злоставување деца во Франција

26 мај 2026

Зеленски го отфрли предлогот на Мерц за придружно членство во ЕУ

25 мај 2026

Панче Тошковски најавува „шок“ во предметот „Мазут“

25 мај 2026

Иран се согласи да го пренесе збогатениот ураниум во Кина

25 мај 2026

Видео: Свлечиште настанало во Центар при ископ на дупка за изградба на зграда, багерот бил затрупан, багеристот успеал навреме да излезе

25 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.