
Повикот на Зијадин Села за заедничка тркалезна маса на албанските парламентарни партии е невозможна мисија за Арбен Таравари. Според него, кој и да го покани, другиот нема да ја прифати.
Повикот на Зијадин Села за заедничка маса на албанските парламентарни партии, според Арбен Таравари, е невозможна мисија. Според него, кој и да ја
организира, другите нема да ја прифатат.
Таравари има поинаков став. Според него, двајцата албански премиери, Еди Рама и Албин Курти, треба да ги соберат лидерите на албанските партии на заедничка средба, каде што би се утврдиле „црвените линии“ со цел, како што рече тој, да нема назадување на правата на Албанците.
„Јас поинаку ја гледам оваа работа. Мислам дека проблемот над проблемите на Албанците во Македонија се двајцата албански премиери. Мислам дека главната рефлексија треба да дојде од двајцата премиери. Господинот Курти и господинот Рама имаат обврска да ги повикаат сите претседатели на политичките партии на заеднички ручек. Таму да се постават црвените линии за правата што Албанците задолжително треба барем да ги задржат, за да не одиме во назадување.“, изјави Таравари.
Инаку, заедничка маса на албанските парламентарни партии беше одржана и во 2017 година, по што партиите излегоа со заедничка декларација за унапредување на правата на Албанците во државата.
На оваа тема Таравари говореше во „Клик Плус“, емисија која ќе се емитува вечерва со почеток во 21:30 часот.

