Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Мицкоски со честитка за Курбан Бајрам: Различностите се наша сила, а заедништвото наша иднина

28 мај 2026

Поранешниот канцелар Олаф Шолц категорично против соработка со крајно десничарската Алтернатива за Германија

28 мај 2026

Филипче: Ќе има ветинг за сите функционери од 90-тите до денес

28 мај 2026

Хозе Карерас и домашни великани на прославата за 35 години независност

28 мај 2026

Маѓар започнува истрага за злоупотребите на владата на Орбан

28 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
четврток, мај 28
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Хозе Карерас и домашни великани на прославата за 35 години независност

Press OnlineBy Press Online28 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Владата подготвува сериозно и достоинствено одбележување на 35-годишнината од независноста на државата, во чии рамки ќе се одржи концерт на светски познатиот шпански тенор Хозе Карерас, заедно со еминентни македонски музички имиња. Ова денеска го соопшти владината портпаролка Марија Митева.

Митева истакна дека по првичните најави за централната прослава на 8 септември, Владата сега ја открива и следната голема иницијатива во која е вклучена интернационалната музичка ѕвезда, но и домашни уметници кои таа ги нарече „македонски ол-старс“ (all-stars).

„Ценам дека со ваквиот начин на одбележување на независноста, како Влада покажуваме дека навистина ни е важно, дека навистина сакаме граѓаните да уживаат и достоинствено, заедно со музичките великани, да покажеме дека Македонија има капацитет да организира настани за меѓународни ѕвезди, заедно со нашите најголеми ѕвезди“, изјави портпаролката Митева.

Таа додаде дека сите технички и организациски детали околу концертот веќе биле соодветно презентирани од страна на организаторите и самите учесници во проектот.

Според најавите на портпаролката, Владата планира етапно да ги објавува содржините од празничната програма во периодот што следи. Митева порача јавноста да очекува уште многу нови изненадувања кои ќе вклучат голем број македонски уметници во чест на јубилејот од независноста.

Поврзани содржини

Мицкоски со честитка за Курбан Бајрам: Различностите се наша сила, а заедништвото наша иднина

28 мај 2026

Филипче: Ќе има ветинг за сите функционери од 90-тите до денес

28 мај 2026

Филипче бара референдум за ЕУ: Граѓаните да ја земат судбината во свои раце

28 мај 2026
НАЈНОВО

Мицкоски со честитка за Курбан Бајрам: Различностите се наша сила, а заедништвото наша иднина

28 мај 2026

Поранешниот канцелар Олаф Шолц категорично против соработка со крајно десничарската Алтернатива за Германија

28 мај 2026

Филипче: Ќе има ветинг за сите функционери од 90-тите до денес

28 мај 2026

Хозе Карерас и домашни великани на прославата за 35 години независност

28 мај 2026

Маѓар започнува истрага за злоупотребите на владата на Орбан

28 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.