
Жена била нападната сред ноќ во двор на болница од страна на нејзиниот партнер. Случајот во полиција бил пријавен доцна синоќа.
– На 27.05.2026 во 23:30 часот во СВР Скопје 51-годишна жена пријави дека на 26.05.2026 околу 00:30 часот во кругот на здравствена установа на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот партнер С.Р., информираа од полицијата.
Надлежните соопштија дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и по целосно документирање против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава.

