Од МВР информираат дека четири лица се уапсени и бил извршен еден службен разговор по седум пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие.

-Во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници постапувале по седум пријави поврзани со семејно насилство, при што четири лица биле лишени од слобода, а со едно лице бил извршен службен разговор.
На 31.05.2026 година во 08:20 часот, на улицата „Штипска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Г.Ќ. (44) од с.Добридол, гостиварско, со престој во Тетово, поради сомнение дека извршил семејно насилство врз неговата 44-годишна сопруга.
На 30.05.2026 година во 23:15 часот, на подрачјето на Гази Баба во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Т. (46) од Скопје, по пријава дека во семејниот дом физички ги нападнал своите родители и упатувал закани кон членовите на семејството.
Истиот ден во 22:45 часот, на подрачјето на Шуто Оризари, бил лишен од слобода М.Б. (40) од Скопје, по пријава дека во домот со остар предмет упатувал закани кон својата 41-годишна вонбрачна партнерка, а потоа и кон нивната ќерка, при што оштетил и дел од покуќнината.
На 31.05.2026 година во 10:20 часот во Полициската станица Драчево бил извршен службен разговор со С.Ј. (63) од Скопје, по пријава дека физички ја нападнал својата 64-годишна сопруга.
На 30.05.2026 година во СВР Скопје, 37-годишна жена пријавила дека во близина на нејзиното работно место, додека била во возило со својот вонбрачен партнер А.Н., тој ѝ истурил хемиско средство во пределот на лицето и очите. На оштетената и била укажана лекарска помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Истиот ден, 33-годишна жена пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар, нејзиниот сопруг И.С. (34) и упатувал закани.
На 30.05.2026 година околу 13:00 часот, полициски службеници од СВР Штип ја лишиле од слобода С.У. (29) од Виница, по пријава дека физички ја нападнала својата 51-годишна мајка со метален предмет, нанесувајќи и повреди. На повредената ѝ била укажана лекарска помош во Општата болница во Кочани.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите, а по нивното целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од МВР.

