Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Мицкоски за оставката на Фетаи: Утре ќе биде архивирана, се заблагодарува на работата во Владата

2 јуни 2026

Иран пресече: Поради нападите на Израел на Либан, прекинати разговорите со САД

1 јуни 2026

Во Карбинци сопруг претепал сопруга и малолетни деца, жртвите итно згрижени од Центарот за социјални работи

1 јуни 2026

ЈАНЕВСКА ДА КАЖЕ ШТО НАПРАВИЛА, А НЕ КОЈ БИЛ МИНИСТЕР ПРЕД НЕА

1 јуни 2026

Трамп во необјаснив елемент: „Не ми е гајле за преговорите со Иран“. Еден час подоцна: „Тие продолжуваат со брзо темпо“

1 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
вторник, јуни 2
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Пендаровски прашува – како нема афера ако имало упад во ИТ-системот на претседателскиот кабинет

Press OnlineBy Press Online1 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

360°: Во последните недели актуелна е т.н. шпионска афера од кабинетот на претседателката на државата, со информации за неовластен пристап и извлекување информации од компјутерскиот систем. Претседателката во неколку јавни настапи вели дека не може да стане збор за шпионирање, ниту за афера, затоа што доверливите, класифицираните документи ниту ги добива дигитално, ниту се чуваат дигитално. Какво е вашето искуство од времето кога вие бевте шеф на државата?



Пендаровски: Последната констатација на Сиљановска е точна. Нејзината претходна теза не е точна. Точно е дека сите класифицирани документи, барем до пред две години, се добиваа на хартија. И на хартија се архивираат. Некои од нив се враќаат, исто така, во плико и на хартија на оној што ти го донел тоа, на агенцијата. Меѓутоа, да кажеш дека нема афера затоа што сè се добива на хартија, значи да го занемариш фактот, што исто го кажуваш во истата изјава, дека е суспендиран ИТ-техничар. Во ред, не е суспендиран архивар, значи не е таму пробиено. Меѓутоа, зошто е суспендиран ИТ-техничарот? Просто прашувам…

360°: Тезата е дека класифицираните информации не може да се извлечат дигитално.

 

Пендаровски: Добро, а може ли да се извлечат мејловите, преписката внатре во кабинет или од кај мене до не знам до влада, до министерства – има и мејлови. Значи нагаѓам, не знам. Меѓутоа суспендиран е човекот кој работел на одржување на компјутерската мрежа заедно со некои други колеги. Велиме немаме афера, за што е суспендиран? Просто, зошто е суспендиран? И индикативно ова другото, тоа и вие го коментирате во една од вашите претходни емисии со министерот за внатрешни работи – зошто треба поприлично време да помине за вие да ги дадете видеоснимките или наодите од форензичките испитувања на мобилните телефони на припадникот на кабинетот?

Пендаровски прашува – како немало афера, ако имало упад во ИТ-системот на претседателскиот кабинет

360°: МВР тврди дека сето тоа е во разумен рок на постапување. По описите, ги препознавате ли актерите – се тврди дека едниот е поранешен припадник на „Волците“, ангажиран во кабинетот и во ваше време.

Пендаровски: Да, јас не го знам познавам лично човекот, меѓутоа знам дека бил ангажиран и во мое време. Вработен е во времето на Ѓорге Иванов, бил и кај мене, еден од луѓето кои се задолжени, бил во сиот овој период наназад, за одржување на мрежата и секојпат имало над него друг, кој е негов претпоставен. Она што успеав да го разберам е дека тој што му е претпоставен практично прв сугерирал до МВР, до надлежните органи, дека постои упад на неовластен субјект во компјутерската мрежа. Меѓутоа, во 10 години на Ѓорге Иванов немаме чуено за ваква афера. Човекот не бил суспендиран. Во моите пет години немаме чуено ни индиција дека вакви работи правел тој човек. Работел и кај мене и кај Иванов. Сега се случува и јавноста заслужува минимум одговор за што станува збор.

360°: Во ваше време се појави информација за протекување на информации, наводно дури и на аудиоснимка од која произлегол транскрипт од состанок во вашиот кабинет на кој присуствувал целиот државно-политички врв заедно со амбасадорите на Соединетите Американски Држави и на Европската Унија. Може ли да влечеме паралели со овој случај?

Пендаровски: Знаете зошто не, зашто стануваше збор за еден вработен во кабинетот кој бил припадник на „огнената група“, која беше зачетокот на ВЛЕН во тоа време. Тој,гледајќи дека на состанокот доаѓа и господинот Ахмети, од кабината на преведувачот, бидејќи разговорот беше на англиски, успеал да сними неколку акценти од излагањето на Али Ахмети за да може тоа партиски, политички да го употреби на другата страна, контрастраната од ДУИ. Откога тоа се откри, веднаш луѓе од надлежните институции вклучително и од АНБ разговараа со човекот, заклучија прво дека тој нема никаков контакт со странски служби и второ тоа што успеал да го забележи на неговиот мобилен не е класифицирана информација. Не е никаква тајна. Потоа беше истеран, се разбира, од кабинетот…

360°: Вие го суспендиравте и тој самиот замина кај Блерим Беџети во Сарај?

Пендаровски: Не, не. Тоа се третираше во кабинетот како дисциплинска повреда, потешка повреда на работниот однос и беше вратен таму и тоа беше практично, сега да не испадне дека се шегувам на таа тема, меѓутоа во тоа беше пародијата. Беџети во тоа време беше дел од „огнената група“, подоцна се врати во ДУИ и беше малку една контроверзна ситуација.

360°: Велите немало класифицирани информации, но имаше ли други контроверзни информации во тој аудиозапис? Што беше темата на состанокот – дали договаравте враќање на Никола Груевски во Македонија за да го ослаби ВМРО-ДПМНЕ пред изборите 2024 г.?

Пендаровски: Гледајте, ВМРО во тоа време како опозиција прилично го користеше тоа и го злоупотребуваше, се разбира. Па дури и дел од тој транскрипт и го дале, тоа е снимка практично, тие го направиле транскриптот во партиско седиште и го дадоа на американската амбасадорка во тоа време без да знаат дека и таа била присутна таму. Значи, станува збор за состанок, состаноци имаше такви три-четири најмалку и пред тоа и потоа на тема – Америка и Европската Унија сакаат да знаат дали ние имаме план за уставните промени, како би се приближиле до Европската Унија. И тоа беше еден од тие состаноци на таа тема. Бидејќи во тој период имаше шпекулации, морам да бидам искрен и да кажам и во рамки на врвовите на тогаш владејачката партија СДСМ, дека наводно јас сум еден од проблемите за тоа бидејќи не сакам да се согласам на помилување на Груевски. Кратко појаснување – Груевски во тој момент веќе има две правосилни пресуди и може да се врати само на два начина: ако јас го помилувам или ако донесат закон за амнестија во Собрание. Таков закон е донесен 2018 година, сите знаеме. И ВМРО гласаше цела пратеничка група – 92 гласа има тој закон за делумата амнестија. Опфатени се многу луѓе, меѓутоа сите знаеме дека индиректно беа опфатени и оние што гласаа за промена на Уставот, за упадот во Собранието… И сега јас на почетокот, како домаќин на оваа средба што ви ја споменав, велам на почетокот ќе ми дозволите неколку позиции да објаснам кои се однесуваат на моето размислување за целиов политички контекст. И меѓу другите работи велам – слушам дека негде има шпекулации дека треба јас да го помилувам Груевски зашто така е најбрзо да ја завршиме работава, па тој ќе дојде, ќе ги убеди пратениците на ВМРО, извесна бројка и ќе се гласаат измените. Јас реков – на тоа да не смета никој, Груевски во ниедна варијанта немам намера да го помилувам. Ако сакате толку, и се обраќам на овие што се од владејачкава коалиција, закон за амнестија во парламент имате доволно мнозинство – терајте… Средбата е како до уставни промени. Што мислите вие, прашуваа странците. И тие даваа свој предлози, да не откривам детали, значи и Американката и Гир даваа свои предлози како полесно до таа варијанта или прашуваа, а зошто не би направиле вака? Тоа е ваше, меѓутоа каде ние можеме да помогнеме и така натаму и така натаму.

360°: Дали широка коалиција е една од идеите на Американците во тоа време?

Пендаровски: Од сите работи кои не сакам да ви ги кажам, ова се решив на крај да ви кажам затоа што е јавно промовирано од поранешниот премиер Зоран Заев. Идејата за широка коалиција е дискутирана меѓу Заев и Мицкоски – да се направи широка коалиција и две точки има тој речиси неформален договор – прво, денес Бугари во Устав, утре предвремени избори. ВМРО добива избори година дена минимум порано од регуларниот термин, а политичкиот товар го поднесуваме сите и после тоа тераме не само кон Европска Унија, туку и без таков товар тераме во развој на државата многу побрзо. Таа идеја ја поддржа меѓународната дипломатија, вклучително и американската дипломатија. Сега, кој бил прв, меѓутоа ја знам дека Заев го објаснувал тоа во тогашниот врв на СДСМ и во Владата.

360°: Не знам временски како се секвенционираат овие работи.

Пендаровски: Ова што е пробиено во јавност, дека тоа се случувало на состанок во СДСМ и така натаму, некои медиуми пишуваа… Тоа е подоцна кажано. Меѓутоа како идеја постои од порано.



Поврзани содржини

Мицкоски за оставката на Фетаи: Утре ќе биде архивирана, се заблагодарува на работата во Владата

2 јуни 2026

Во Карбинци сопруг претепал сопруга и малолетни деца, жртвите итно згрижени од Центарот за социјални работи

1 јуни 2026

ЈАНЕВСКА ДА КАЖЕ ШТО НАПРАВИЛА, А НЕ КОЈ БИЛ МИНИСТЕР ПРЕД НЕА

1 јуни 2026
НАЈНОВО

Мицкоски за оставката на Фетаи: Утре ќе биде архивирана, се заблагодарува на работата во Владата

2 јуни 2026

Иран пресече: Поради нападите на Израел на Либан, прекинати разговорите со САД

1 јуни 2026

Во Карбинци сопруг претепал сопруга и малолетни деца, жртвите итно згрижени од Центарот за социјални работи

1 јуни 2026

ЈАНЕВСКА ДА КАЖЕ ШТО НАПРАВИЛА, А НЕ КОЈ БИЛ МИНИСТЕР ПРЕД НЕА

1 јуни 2026

Трамп во необјаснив елемент: „Не ми е гајле за преговорите со Иран“. Еден час подоцна: „Тие продолжуваат со брзо темпо“

1 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.