Авионот со македонската фудбалска репрезентација итно се врати по полетувањето на аеродромот во Истанбул поради технички проблем

Авионот во кој се превезуваше македонската фудбалска репрезентација, денеска по полетувањето од меѓународниот аеродром во Истанбул, беше приморан да ја прекине рутата кон Скопје и експресно да се врати назад на турскиот аеродром, дознава 4news.mk
Според официјалните радарски податоци од сервисот Flightradar24, се работи за летот со број FH1949, управуван со авион од типот Airbus A320-214 со регистрација TC-FHK, во сопственост на авиокомпанијата „Freebird Airlines“. Летот со кој македонската експедиција требаше да пристигне на Меѓународниот аеродром Скопје (SKP) започна во 10:10 часот UTC (односно 12:10 часот по локално македонско време).
Дваесетина минути по полетувањето од аеродромот во Истанбул, пилотот на леталото забележал дефект, по што веднаш побарал итно враќање назад, што експресно му било одобрено од контролата на летање.
Деталната анализа на рутата и графиконот на брзината и висината на Flightradar24 ја потврдуваат оваа вонредна процедура во воздухот:
Полетување и нагло качување: Авионот полета околу 10:16 часот UTC и почна да се искачува, достигнувајќи максимална висина од околу 8.000 стапки (околу 2.400 метри) во 10:21 часот UTC.
Сврт и кружење: Наместо да го продолжи планираниот курс кон Македонија, екипажот веднаш направи остар сврт кон запад и северозапад над Мраморното Море и регионот Силиври, правилно исцртувајќи „круг“ во воздухот со цел безбедно да го насочи воздухопловот назад кон пистата.
Безбедно слетување: Графиконот потврдува дека авионот успешно и безбедно допрел на пистата во Истанбул во 10:47 часот UTC (12:47 по македонско време).
Безбедноста на репрезентацијата не е загрозена
…

