Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Неофицијално: Финансиската полиција го приведе Стефан Богоев, истрага за тендер во Царина

2 јуни 2026

Просечната нето плата во Црна Гора е 1.029 евра, највисоки се во финансискиот, енергетскиот и ИКТ секторот

2 јуни 2026

Донација на УНИБанка: Детската клиника Козле доби нов апарат за пациентите со цистична фиброза

2 јуни 2026

Нетанјаху го распнаа во Израел откако ги прифати барањата на Трамп за Бејрут

2 јуни 2026

Срушил куќа која била заштитено културно наследство, и без дозвола си изградил нов објект

2 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
вторник, јуни 2
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Савески со порака до власта – Сиромашно обвинителство не може да се бори со богат криминал

Press OnlineBy Press Online2 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Сиромашно јавно обвинителство не може да му се спротивстави на богатиот криминалитет. Републичкиот јавен обвинител Ненад Савески по којзнае кој пат ја испрати истата порака до извршната и законодавната власт, да покаже вистинска волја и да му даде финансиска поддршка на Јавното обвинителство за да му овозможи функционирање.



Оваа порака ја испрати на конференцијата на која беше промовирана стратегијата за јакнење на комуникацијата на Јавното обвинителство во јавноста која е финансирана со европски пари, но барањето за повеќе пари за Обвинителството го испрати не само за транспарентноста, туку и општо за функционирањето на Обвинителството.

– Без финансиска поддршка ние го даваме својот максимум да се избориме, меѓутоа резултатите не можат да бидат како што очекуваат граѓаните доколку за тоа нема сериозна финансиска поддршка. Таа порака и во оваа пригода ја упатувам до извршната и законодавната власт што мора навистина да покаже волја да овозможи функционирање на Обвинителството во реална смисла, но вклучително и кога станува збор за оваа комуникациска стратегија која предвидува активности коишто бараат исто така финансиска поддршка – рече Савески.

На конференцијата Савески немаше изјави за медиумите, во публиката имаше голем број обвинители, меѓу кои и оние од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, но не и шефот на ова Обвинителство, Ислам Абази. Според информациите од Обвинителството, Абази бил поканет, но имал други обврски, па затоа не дошол.

Абази не дојде на конференцијата во период кога власта силно го критикува Обвинителството што го води тој за тоа што го затвори предметот за злоупотреби на мазутот, но го критикуваше и затоа што кажале премногу во јавноста за предистражната постапка за наводната шпионска афера и го прекршиле Законот за кривична постапка.На конференцијата се зборуваше за комуникацијата на Обвинителството со јавноста, за транспарентноста што Савески од самиот почеток ја истакнува како приоритет, за што најави и менување на упатството за односи на јавност на обвинителите што ќе имаат обврска да ја информираат јавноста за предметите што ги работат и најави проактивна комуникација.

– Јавното обвинителство нема да чека да се постават прашања, однапред ќе се појаснува неговото постапување. За таа цел ќе направам измена на веќе постојното упатство за односи со јавноста, на сите обвинители ќе биде нивна обврска да ја информираат јавноста онолку колку што дозволува Законот. Ова се мали чекори, транспарентноста некогаш нè прави подложни и на оценки и на критики од јавноста, но тоа е нашата стратегија. Водејќи се од зборовите на Мајка Тереза „чесноста и искреноста ќе ве направат ранливи“, меѓутоа сепак да бидеме транспарентни, искрени и чесни. Тоа е паролата што ни е водилка – рече Савески, кој го промовираше и новото лого на Јавното обвинителство.

– Новото лого што ќе го носиме сите јавни обвинители претставува институционално претставување, но во себе го носи и европскиот дух. Несомнено Јавното обвинителство постапува и одлучува во духот на европските стандарди и сакавме тие да бидат отсликани на симболите на логото на нашата институција – рече Савески.

Заменик-генералниот обвинител на Португалија Пауло Жорже Виеира Моргадо де Карвајо како гостин на конференцијата, на обвинителите им порача дека молчењето на Обвинителството денес не се разбира како заштита на истрагите.

– Дезинформации може да го пополнат молкот на институциите. Затоа треба да се комуницира законито и транспарентно. Тоа не значи популарност. Не значи дека секој чекор треба да се објаснува. Правосудните системи се под силен притисок. Кога граѓаните ќе ја загубат довербата, полесно прифаќаат авторитативни владеења – рече обвинителот од Португалија.

 



Поврзани содржини

Неофицијално: Финансиската полиција го приведе Стефан Богоев, истрага за тендер во Царина

2 јуни 2026

Донација на УНИБанка: Детската клиника Козле доби нов апарат за пациентите со цистична фиброза

2 јуни 2026

Срушил куќа која била заштитено културно наследство, и без дозвола си изградил нов објект

2 јуни 2026
НАЈНОВО

Неофицијално: Финансиската полиција го приведе Стефан Богоев, истрага за тендер во Царина

2 јуни 2026

Просечната нето плата во Црна Гора е 1.029 евра, највисоки се во финансискиот, енергетскиот и ИКТ секторот

2 јуни 2026

Донација на УНИБанка: Детската клиника Козле доби нов апарат за пациентите со цистична фиброза

2 јуни 2026

Нетанјаху го распнаа во Израел откако ги прифати барањата на Трамп за Бејрут

2 јуни 2026

Срушил куќа која била заштитено културно наследство, и без дозвола си изградил нов објект

2 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.