Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Савески: Одговорноста е кај обвинителите што ги водат предметите; не очекувам судењето за пожарот во Кочани да трае со години

3 јуни 2026

ЕК ги менува правилата: Државите ќе можат да позајмуваат повеќе, но само под еден услов

3 јуни 2026

Децата помали од 14 години не смеат да возат електични тротинети – Ова е максималната дозволена брзина!

3 јуни 2026

Нова стратегија, нова шанса за „Иловица-Штука“ – се најавуваат повеќе инвестиции во рударството

3 јуни 2026

Украинците го посрамотија Путин во неговиот град. Погодена и корвета од Балтичката флота

3 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
среда, јуни 3
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Нова стратегија, нова шанса за „Иловица-Штука“ – се најавуваат повеќе инвестиции во рударството

Press OnlineBy Press Online3 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Проектот „Иловица-Штука“ повторно се наоѓа во фокусот откако надлежните институции најавија поактивен пристап кон издавање дозволи за минерални суровини и поддршка на инвестициски проекти.



Во Владата очекуваат дека новата Фискална стратегија за периодот 2027-2031 ќе придонесе за зголемување на инвестициите во државата и ќе овозможи побрза реализација на проекти кои можат да донесат економски придобивки и нови работни места.

Во текстот се потенцираат новите стратешки приоритети и цели во областа на енергетиката, кои се насочени и кон „подобрување на управувањето со природните ресурси и нивно рационално искористување“. Според стратегијата, целите во наредниот среднорочен период ќе се остварат преку „воведување на најдобри современи достапни практики при искористувањето на минералните суровини преку истражување и експлоатација на минералните суровини“.

„Исто така се предвидува планирање, поттикнување и инвестирање во истражување на сите видови на минерални суровини со посебен осврт кон ретките (критични) минерални суровини, експлоатација и одржливо искористување на минералните суровини преку истражувања и експлоатација на минералните суровини и рекултивација на површини каде што се исцрпени минералните суровини“, пишува во текстот.

Еден од критичните минерали кои ги поседува Македонија е и бакарот, а само рудникот во Иловица би можел да произведува просечно околу 16.000 тони бакар годишно, во период од 20 години. Фискалната стратегија најавува поддршка за инвестициите, а само оваа инвестиција во првата фаза на изградба на рударскиот комплекс би тежела 340 милиони евра. Дополнително, станува збор и за стотици вработувања, а во текот на целиот период од оперативното работење ќе се исплаќаат и околу 75 милиони евра секоја година на повеќе локални и регионални компании кои се занимаваат со угостителство, земјоделство и прехранбена индустрија, текстилна, хемиска и дрвена индустрија, занаетчиство, одржување и тековно сервисирање. Секоја година редовно ќе се исплаќаат и приближно по 24 милиони евра за законски давачки, даноци и такси во државниот буџет.

Фискалната стратегија предвидува и индикатори според кои ќе мери дали се исполнуваат целите. Па така, посебни ставки се издадените концесии за детални геолошки истражувања и издадените концесии за експлоатација на минерални суровини. За пример, во 2024 година државата издала само една концесија за детални геолошки истражувања, а сега се очекува да издава по петнаесет годишно, во периодот од 2026 до 2030 година. За да се исполнат целите, ќе се издаваат и повеќе концесии за експлоатација на минерални суровини. Во целата 2024 година власта издала само седум вакви концесии, додека пак од сега до 2030 година се предвидуваат по дваесет концесии на годишно ниво.

Неодамна усвоената Фискална стратегија, која е насочена кон макроекономска стабилност, одржливост на јавниот долг и поддршка на економскиот развој. Во анализата, на светско ниво се истакнува побарувачката на металите, а дополнително се потенцира и „обезбедување на простор за капитални инвестиции кои го поддржуваат растот“.

„Металите бележат раст поради ограничена понуда и силна индустриска побарувачка. Цените на основните метали поради прекини на производството во рудниците, додекаа побарувачката во индустриските сектори останува стабилна. Благородните метали првично растеа како безбедно засолниште, но потоа делумно се корегираат поради зајакнување на доларот и промени во каматните очекувања. Од друга страна, пазарот на ретки метали е високо концентриран, особено во Кина, што создава стратешки ризици за глобалните синџири на снабдување. Овие материјали се клучни за електрониката, автомобилите и зелената енергија, па нивниот недостиг може да предизвика значајни економски загуби“, се вели во Стратегијата.

Во меѓувреме, рударството има се помало учество во индустриското производство во Македонија, а секоја година тоне и бројот на вработени во оваа гранка. Во државата функционираат само четири рудници за метали, а значаен рудник се нема отворено во изминатите 40 години.



Поврзани содржини

Савески: Одговорноста е кај обвинителите што ги водат предметите; не очекувам судењето за пожарот во Кочани да трае со години

3 јуни 2026

Децата помали од 14 години не смеат да возат електични тротинети – Ова е максималната дозволена брзина!

3 јуни 2026

САКАМ ДА РАБОТАМ ДО ВЛАСТА: ЗОШТО ИГНОРИРАТЕ НАД 10 ИЛЈАДИ ВРАБОТЕНИ ВО ИГРИТЕ НА СРЕЌА?

3 јуни 2026
НАЈНОВО

Савески: Одговорноста е кај обвинителите што ги водат предметите; не очекувам судењето за пожарот во Кочани да трае со години

3 јуни 2026

ЕК ги менува правилата: Државите ќе можат да позајмуваат повеќе, но само под еден услов

3 јуни 2026

Децата помали од 14 години не смеат да возат електични тротинети – Ова е максималната дозволена брзина!

3 јуни 2026

Нова стратегија, нова шанса за „Иловица-Штука“ – се најавуваат повеќе инвестиции во рударството

3 јуни 2026

Украинците го посрамотија Путин во неговиот град. Погодена и корвета од Балтичката флота

3 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.