Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

СДСМ: Кошта потврди дека Мицкоски лаже, Вајц потврди дека реформи нема

4 јуни 2026

„Екипа на СНС за специјални задачи“: Кои се патниците на кои им беше забранет влез во Црна Гора

4 јуни 2026

Северна Кореја покажа таен нуклеарен објект. Ким нареди големо проширување на арсеналот

4 јуни 2026

Маврови Анови со најмногу дожд во изминатите 24 часа, денеска се очекува невреме низ земјава

4 јуни 2026

Мицотакис во Софија на средба со Радев

4 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
четврток, јуни 4
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

БИА го советува Вучиќ да не патува во Тиват

Press OnlineBy Press Online4 јуни 2026 Регион
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Безбедносната и информативна агенција на Србија доцна синоќа соопшти дека официјално го советувала претседателот на државата, Александар Вучиќ, да не патува во Црна Гора, „бидејќи е утврдено постоење висок безбедносен ризик“.

Како што е наведено во соопштението, таков совет е даден „поради непријателско дејствување на странски служби и криминални кланови во Црна Гора“.

„Според нашите оперативни сознанија, водачот на кавачкиот клан, Радоје Звицер, се наоѓа во Црна Гора, и спротивно на сите правила на професијата и одговорниот однос, безбедносната проценка, која беше побарана неколкупати од службата домаќин на состанокот во Црна Гора, не ни беше доставена“, објави БИА.

Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, подоцна изјави дека Вучиќ, е решен да оди во Тиват на самитот ЕУ-Западен Балкан, иако БИА официјално го советуваше да не патува во Црна Гора поради постоење на висок безбедносен ризик.

„Претседателот дури и не сака да чуе за откажување на патувањето во Црна Гора. Тоа е нешто што вети дека ќе го направи“, изјави Брнабиќ за ТВ Информер.

Вучиќ треба да учествува во Тиват утре на Самитот на Европската унија и Зпаден Балкан, кој ги собира лидерите на европските земји и институции, и е еден од најважните политички собири на европскиот континент.

Српската безбедносна агенција се огласи откако на 87 мажи не им беше дозволен влез вчера во Црна Гора, откако пристигнале од Белград со чартер лет истиот ден со образложение дека претставуваат „безбедносен ризик“, додека црногорските медиуми ја опишаа групата како „неформално обезбедување на Вучиќ“. Сите патници од тој чартер лет беа вратени во Србија.

Министерството за надворешни работи на Црна Гора објави денеска дека во пресрет на самитот во Тиват, ќе стори се за да „ги пречека нашите пријатели, сојузници и партнери на највисоко ниво и да обезбеди успешно и достоинствено одржување на овој важен меѓународен настан за нас“.

„Низ својата историја, Црна Гора е призната како гостопримлива земја, каде што искрено се радуваме на секој добронамерен гостин… Како одговорна и кредибилна членка на НАТО, Црна Гора гарантира безбеден, сигурен и пријатен престој на сите свои гости“, напиша црногорското министерство на X.

Радоје Звицер, се смета за еден од водачите на Кавачкиот клан, и е на листата на 50-те најбарани европски бегалци. Од 2020 година, кога беше тешко ранет во Киев, нему му се губи секоја трага.

Кон средината на мај, по апсењето на началникот на белградската полиција Веселин Милиќ под сомнение за прикривање убиство на човек за кој медиумите го поврзуваат со белградска криминална група, Вучиќ упати низа обвинувања против Црна Гора.

Медиумите во Србија и во Црна Гора доцна синоќа објавија дека е забранет влез на црногорски државјани во Србија на три премини – Гостун, Јабука и Граченовац, но засега нема официјална потврда за тоа. Медиумите објавија и фотографии од камери на премините каде се гледаат километарски колони на автомобили.

Поврзани содржини

„Екипа на СНС за специјални задачи“: Кои се патниците на кои им беше забранет влез во Црна Гора

4 јуни 2026

Мицотакис во Софија на средба со Радев

4 јуни 2026

Илјадници Албанци протестираат против луксузниот ресорт на зетот на Трамп

3 јуни 2026
НАЈНОВО

СДСМ: Кошта потврди дека Мицкоски лаже, Вајц потврди дека реформи нема

4 јуни 2026

„Екипа на СНС за специјални задачи“: Кои се патниците на кои им беше забранет влез во Црна Гора

4 јуни 2026

Северна Кореја покажа таен нуклеарен објект. Ким нареди големо проширување на арсеналот

4 јуни 2026

Маврови Анови со најмногу дожд во изминатите 24 часа, денеска се очекува невреме низ земјава

4 јуни 2026

Мицотакис во Софија на средба со Радев

4 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.