Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

(ВИДЕО) Огненоски: Статистички сме петти по раст на БДП, но во апсолутен износ тоа е меѓу најмалите во Европа

5 јуни 2026

Мерц: Србија мора да избере помеѓу Европската Унија, Русија и Кина

5 јуни 2026

Путин до Зеленски: Нема мировни преговори – и не ме нарекувајте стар

5 јуни 2026

Жена е пренесена на клиника, откако малолетник ја удрил со тротинет

5 јуни 2026

ЖИТИ СЀ – Либертас

5 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
петок, јуни 5
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Јапонската амбасадорка во работна посета на „Алкалоид“ АД Скопје

Press OnlineBy Press Online5 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email


Делегација на Амбасадата на Јапонија во Скопје, предводена од Н.Е. амбасадорката Сецуко Кавахара, оствари работна посета на „Алкалоид“ АД Скопје, во чии рамки беа претставени работењето на компанијата, нејзините финансиски резултати и клучните стратешки насоки, со акцент врз извозниот развој, инвестициите и одржливиот раст.



Речиси пет децениската традиција на соработка со јапонски компании, започната со „Фуџи“, денес продолжува преку сегментот за хемодијализа, преку кој „Алкалоид“ успешно соработува со реномираните јапонски компании „Нипро“ и „Никкисо“, развивајќи заеднички деловни активности на повеќе пазари. Јапонската деловна нишка продолжува и преку „Алкалоид КОНС“, кој повеќе од една деценија успешно застапува производи од портфолиото на јапонскиот фармацевтски гигант „Такеда“.

Преку програмите на Јапонската асоцијација за техничка соработка и одржливи партнерства (AOTS), дел од менаџментот на „Алкалоид“ се здоби со нови знаења и вештини на специјализирани обуки во тренинг-центрите на организацијата во Осака, Нагоја и во Токио.

Поофицијалниот дел, делегацијата, предводена од Генералниот директор и Претседател на УО, Живко Мукаетов,ги посети Музејот на „Алкалоид“, производствените капацитети на ПЦ Фармација и Институтот за истражување и развој, при што имаше можност одблизу да се запознае со високото ниво на технолошка опременост, применетите високи стандарди и со стручниот кадар кој управува со процесите.

Во Институтот за истражување и развој беа презентирани и современите лабораториски системи и аналитичката опрема од реномирани јапонски производители, кои се дел од напредната истражувачка инфраструктура на компанијата.

Во контекст на долгогодишните врски на „Алкалоид“ со јапонски компании, како и на стратешката определба за меѓународен раст, посетата на Н.Е. амбасадорката Сецуко Кавахара претставува дополнителен поттик за унапредување на соработката и за развој на нови партнерства со јапонскиот бизнис-сектор.

Амбасадата на Јапонија во Скопје е голем поддржувач на македонското здравство, со голем број остварени донации и доделени грантови за неколку здравствени капацитети во земјава.



Поврзани содржини

(ВИДЕО) Огненоски: Статистички сме петти по раст на БДП, но во апсолутен износ тоа е меѓу најмалите во Европа

5 јуни 2026

Жена е пренесена на клиника, откако малолетник ја удрил со тротинет

5 јуни 2026

ЖИТИ СЀ – Либертас

5 јуни 2026
НАЈНОВО

(ВИДЕО) Огненоски: Статистички сме петти по раст на БДП, но во апсолутен износ тоа е меѓу најмалите во Европа

5 јуни 2026

Мерц: Србија мора да избере помеѓу Европската Унија, Русија и Кина

5 јуни 2026

Путин до Зеленски: Нема мировни преговори – и не ме нарекувајте стар

5 јуни 2026

Жена е пренесена на клиника, откако малолетник ја удрил со тротинет

5 јуни 2026

ЖИТИ СЀ – Либертас

5 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.